Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

voda niva11.04.2017  Првите количини вода за наводнување од изутрината навлегоа во нивите во атарот на Оризари. Токму според планирањата и најавите од водостопанската подружница “Брегалница“ и годинава навреме започнува наводнителната сезона.

Вообичаено, за почеток ќе се користат проточните води на реката Масалница затоа што водата во десниот магистрален канал од хидросистемот се уште е празен.

Одговорните во Подружницата велат дека водата од браната Калиманци максимално се штеди, затоа што хидролошката состојба е крајно лоша.

- По денешната обиколка на браната Калиманци видовме дека таа е во многу лоша состојба, се уште нема доток на вода, се уште не се акумулира, очекуваме врнежи, но како што ги гледаме прогнозите, се уште нема најава на некои обилни дождови, со што би требало да се задржиме, за цела сезона да ја искористиме оваа вода во акумулацијата. Официјално вода од хидросистемот од Калиманци ќе има по официјалните пресметки и со огласи ќе излеземе во населените места и на огласната табла каде што ќе кажеме кога точно, затоа што се уште се прават пресметките со оваа вода што ја имаме во акумулацијата и секојдневно ни значи нејзино зачувување, рече Николчо Гоцев, раководител на водостопанска подружница “Брегалница“.

На почетокот на наводнителната сезона првите количини проточни вода навлегоа во месноста Раец, кај Оризари каде со ориз ќе се засеат околу 30 хекатри.

- Водата ја зафаќаме од Оризарска Река која е на најритична точка за овој период од оваа година. Исто така, кога овие површини ќе се наполнат, водата ќе ја искористиме и за месноста Слатина, така што со овие води ќе вршиме заплавување на околу 60 хектари оризови површини, рече Јане Атанасов, водостопанска подружница “Брегалница“.

Земјоделците ор Оризарско ги првиршуваат последните пдоготвоки на површините на кои треба да се навлезе водата и да се засее оризот. Велат дека е добро што наводнувањето ќе започне во опрбвата полоивина на април.

- Навреме се пушта, сега сум задоволен. До порано, до ланската година водата беше дури до Грдовци, а тука последна вада се пушташе, последно на устието. Сега е поправено, па ќе видиме, рече земјоделец од Оризари.

Од Водостопанската подружница најавија дека за неколку дена ќе се зафатат проточните води и на останатите реки во регионот со што и на другите полиња ќе почне полнењето на оризовите површини.

За сега нема најави дали со измените на планот за наводнување и намалувањето за околу 2.500 хектари што ќе се засеат со ориз, ќе има дополнитено намалување на површините што ќе добиваат вода од хидросистемот “Брегалница“.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code