13.04.2017 24-годишниот Д.С. од Виница загина во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случи во близина на бензинската пумпа кај “Авто Атом“, на излезот од Кочани.
Страотниот судир помеѓу патничките возила “голф“ и “мерцедес“ ги вознемирил станарите од околните згради, а улицата беше целосно затворена за сообраќај, повеќе од два часа. На местото на несреќата беше повикана и екипа од ТППЕ - Кочани која помагаше во извлекувањето на лицата од возилата.
Според официјалните информации од СВР, 24-годишникот од Виница го управувал “голфот“, додека зад воланот на “мерцедесот“ бил А.П. од Кочани.
- Во 23.05 часот во Полициската станица – Кочани пријавено е дека на улицата „Тодосија Паунов“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 32-годишен возач од Кочани и патничко моторно возило “голф“ со винички регистерски таблички управувано од 24-годишно лице од Виница. Веднаш е излезено на местото на несреќата и двајцата возачи со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Здравствен дом - Кочани, при што од страна на лекар кај возачот на возилот “голф“, за жал, е констатирана смрт, додке кај возачот на возилото “мерцедес“ се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на лекување во болницата, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
На местото на настанот увид направија Јавен обивнител и екипа на Полициската станица – Кочани. Според она што можеше да се забележи нна лице место, од силниот удар возилото “голф“, кое беше целосно уништено, застанало пред влезот на “Авто Атом“, додека “мерецедесот“ преку тротоарот завршил пред оградата на фабриката “Руен“.
Очевидци на судирот, кои не сакаа да зборуваат пред камера, рекоа дека возилата се движеле со поголема брзина од пропишаната и судирот бил неизбежен. Последиците од сообраќајната несреќа беа видливи и претпладнето, а минувачите со загриженост зборуваа за страотната глетка.
Овој дел од улциата “Тодосија Паунов“ е црна точка во Кочани и на потегот од околу неколку стотини метри досега имаше голем број нсереќи, од кои дел завршија со трагични последици. Од Полициајта додаваат дека последната од нив е само предупредување за возачите и останатите учесници во сообраќајот за внимателно управувањее со возилата и почтиување на сообраќајната сигнализација.
Т. Ајтовски
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.