Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

navodnuvanje219.04.2017  Полнењето на оризовите површини се одвива според договорениот план, па и покрај сериозно лошата хидролошка состојба посериозни проблеми на терен нема, велат од водостопанската подружница “Брегалница“.

За сега се уште се зафаќаат проточните води од реките во регионот за да може максимално да се искорости нивниот капацитет, а колку што е можно подолго да се заштеди водата во акумулацијата Калиманци.

Дел од полињата повеќе од една недела се под вода, но се забележува мала активност кај земјоделците кои се уште не ги засеале со ориз. Поради тоа од Подружницата апелираат тие да излезат на терен и да ја комплетираат сеидбата.

- Ние веќе имаме 50% наполнети површини во местото викано Слатина, вчера го фативме бентот и кај Судот, така што целосно ја имаме зафатено реката и веќе имаме пуштено вода во местото Сазлк. Вчера имаше луѓе кои таму сееја, па според искуството што го имаме, мислам дека за една недела треба да се заврши самото наводнување. Морам да споменам дека имаме проблем во местото викано Раец, таму ја пуштивме водата пред една недела и нема посеано ни три ниви. Самата вода тече и оди под патот, луѓето се многу инертни и ги замолувам што побрзо да излезат во нивите и да вршат сеење на нивните површини, рече Јане Атанасов од водостопанската подружница “Брегалница“.

Според Атанасов, преостанува во атарот на Мојанци да се зафати проточната водата кај т.н. Шакирски бент, но земјоделците таму се уште не ги завршиле подготовките на нивите за сеидба. Интензивни активности за полнење на оризовите површини има и во другите катастарски општини.

- Во КО Облешево е од Кочанска Река зафатот, многу е мала водата, ама тоа е, колку има ќе се трудиме да наводнуваме. Денеска се фаќа бентот на Брегалница, Терански бент од каде ќе се наводнува КО Теранци, КО Облешево и КО Чифлик, рече Благојчо Костадинов од водостопанската подружница “Брегалница“.

- Според планот на Оризарско Поле, каде што сум како техничко лице, водата е пуштена на 11 април, но поради Велигденските празници темпото на наводнување е малку потешко, од денеска веќе е поактивно. Вчера го зафативме Прибачевски јаз, но поради малите количини на вода, она што го очекувавем го нема таму, така што и таму ќе има проблем и ќе интервенираме можеби од акумулацијата. Во делот на Грдовци требаше денеска да ја подигнеме гумената преграда, но поради недостаток на вода, а и во договор со водокорисниците кои претежно се концесионери се договоривме да почекаме деновиве да паднат малку дождови и да се зголеми нивото на реката, рече Станче Стефанов од водостопанската подружница “Брегалница“.

- Во Виничко Поле, местото викано Јакимовско Поле денеска е пуштена водата. Како што планиравме во Зрновци, таму е пуштена водата пред пет дена, односно на 15 април и веќе околу 15-20% од површините се поплавени таму, рече Спиро Андонов од водостопанската подружница “Брегалница“.

Андонов додава дека не очекувале толку лоша хидролошка состојба поради што подотовките се одвивале со план да се наводнуваат сите површини. Сепак, останува можноста и дел од крските култури да добијат вода во текот на вегетацијата.

Инаку, врнежите од дожд се уште не можат посериозно да ја подобрат состојбата во акумулацијата Калиманци каде според дотокот има минимално покачување на нивото, и таа најверојатно ќе почне да се користи после 1 мај.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 134 гости и нема членови


web counter



qr code