Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zagadena reka21.04.2017  Силна смрдеа и запенување на водата се забележува на горниот тек на реката Осојница, во близина на мостот кон селото Пекљани, Виничко. Со оглед што таа понатаму се влева во Брегалница, слична состојба е регистрирана и кај оваа река.

Сомневањата дека се работи за загадување најпрвин се појавиле меѓу земјоделците кои веќе зпаочнале да ги полнат нивите за претстојната сеидба на оризот, а реагирале и до надлежните во водостопанската подружница.

Екипи на претпријатието излегле на терен за да утврдат за што се работи и заклучиле дека има оправданост во реакцијата на водокорисниците од регионот.

- По пријава од водокорисници во селото Прибачево нашите водари излегоа на лице место и заклучија дека во Прибачевскиот јаз што протекува покрај самото село се чувствува непријатна миризба и дека водата е заматена. Излеговме и ние, екипа од Водостопанство, и го утврдивме истото. Во разговор со самите водокорисници дознавме дека ова се случува втор или трет ден, дека веќе имаат реагирано по некои од медиумите и имаат пријавено по инспекциите. Се чувствуваше миризбата на лице место, а колку и каква е загаденоста не можеме ние да кажеме, бидејќи не сме таква институција што го утврдува тоа, рече Николчо Гоцев, раководител на водостопанска подружница “Брегалница“.

Гоцев вели дека засега не може со сигурност да се каже кој или што го предизвикало загадувањето на реката Осојница, но поради сомневањата за нечија негрижа или пропуст, своите наоди ги пријавиле кај надлежните државни и локални инспекциски служби кои ја следат еколошката состојба во регионот.

- Кај што бевме, таму, не може од тоа место да се види, но екипи кои беа нагоре, по течението на самата река Осојница, забележаа дека на неколку места, дека има шанси да биде од горниот дел на реката, но во овој момент не можеме да кажеме ние како институција. Инспекциите се надлежни за тој дел, колку е загадена водата, колку е агресивна, дали воошто во неа има некакви хемиски супстанци и каква е во однос на животната средина и на рибите, додава Гоцев.

Со оглед што надлежните излегле на терен и направиле увид во состојбата со исправноста на водата во реките, се очекува по извршените анализи да се преземат мерки кон прекршителите. Од Водостопанското претпријатие “Брегалница“ рекоа дека и тие ќе ги очекуваат резултатите од испитувањата, надевајќи се дека загаденоста не е толку концентрирана за негативно да влијае врз наводнителната сезона за оризот, која штотуку започна.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 137 гости и нема членови


web counter



qr code