Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zemjodelci pres24.04.2017  Помина многу време откако беа дадени цврсти гаранции дека земјоделците ќе ги добијат субвенциите, но од сето тоа останаa само празните ветувања и лагите.

Ниту Министерствата за земјоделство и за финансии, ниту Платежната агенција не исполнија ништо од тоа што го ветија, иако најавуваа дека исплаќањето ќе се реалзира за краток период.

Поради тоа, трпението на земјоделските производители стигна до крај, а револтот од безизлезната состојба е голем и тешко мже да се контролира, беше речено на прес-конференцијата што ја организираше Здружението на оризопроизводители “Бело злато“.

- Кочанскиот земјоделец е истоштен маскимално, сега е сезона за новата реколта така што сами гледате, нивите остануваат необработени. Затоа денес бараме прием од министерот за земјоделство, за финансии и директорот на Платежната агенција, новиот, затоа што тој вети дека има потпишано доста добра сума за субвенции, а од субвенции нема стигнато до земјоделецот ни денар, па да видиме кој лаже од таа тројка. Субвенциите не се исплатени, дел од 2012, дел од 2013, 2014, 2015, и целокупните за 2016 година, рече Зоран Борисов, потпретседател на Здружението на оризопроизводители “Бело злато“.

Борисов рече дека тие како Здружение бараат да се заврши политичката криза, односно да се докомплетира Парламентот и да се формира новата влада за да може што побрзо да започне исплатата на субвенциите.

Необично е што наместо за произвдоство на нивите, земјоделците подолг период зборуваат за политика.

- Станавме политичари сите веќе, земјоделецот го направија политичар, не му дозволуваат на земјоделецот да работи и тој почна да се бави со политика. Нас политиката не не интересира многу, нас не интересира, еве сега јас со тракторот да ставам нафта и да одам да работам. Решение за земјоделците веќе е да се формира што поскоро новата влада, да се избере спикер на Собрание. Собранието да профункционира за да има кај кој да се обратиме, бидејќи овие немаат разум, не можеме со нив никако да се договориме за ништо, се што кажале до сега, се излажале, рече Јордан Манасиев, претседател на Здружението “Бело злато“.

Поради лошата финансиска состојба од неисплатените субвенции, но и поради неоткупениот ориз и ниските цени што им се нудат за килограм предадена арпа, земјоделците велат дека не знаат дали и понатаму да живеат во лажна надеж или да завршат поинаку.

- Не сме способни, јас мислам дека ретко кој може да си дозволи еден луксуз сега да земе ѓубре, како што порано работеа нашите стари, нашите татковци, пред сеидбата да фрлат ѓубре на оризовите површини. Значи, ние ќе чекаме, прво ќе го посееме оризот, па ќе се молиме кај аптекарите, не се виновни и тие, и тие не можат да ги поднесат нашите трошоци, ќе се молиме да ни дозволат да земеме нешто на вересија, па ако ни пуштат од државата субвенции или ако ни го откупат оризот, па да ни ги исплатат после 45 дена парите, па дури тогаш. Во земјоделието во Македонија, во оризопроизводството, во лозарството, во овоштарството мислам дека владее хаос, поголем хаос никогаш не бил. Нема каде повеќе од тука, што викаат старите, само во гроб, рече земјоделец од Тркање.

Од Здружението на оризопроизводители најавија дека за вторник се планираат протести на земјоделците во целата држава за што и тие ќе дадат поддршка. За сега во план е блокирање на магистралниот пат од Кочани кон Штип и Делчево, а по координација со другиоте здруженија дополнително ќе информираат во кој термин ќе биде блокадата.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 158 гости и нема членови


web counter



qr code