Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

traktor zemjodelstvo24.04.2017  Употребата на нови технологии во земјоделството и следење на резултатите и придобивките од нив, посебно во производството на ориз, е една од активностите што годинава ќе ја реализира Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Со опит што започнува да се реализира во атарот на селото Чифлик, ќе се направат испитувања за влијанието на минерален додаток што се расфрла на почвата, а што треба да обезбеди подoбрувања на нејзините својства за вегетација на растенијата.

- Се работи за демонстративен опит со “тераграмин“ кој всушност претставува еден подобрувач на својствата на почвата, кој што е испитан лабораториски и е докажан и ставен на листата на биоѓубрива - подобрувачи на својствата на почвата, испитан е фитосанитарната лабораторија при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Поставувањето на овој опит е на површина од 1 декар, кој што ќе биде споредуван со друга површина што се наоѓа веднаш до неа, се работи за оризова површина, значи ќе биде поставен на оризова култура. Споредбената површина ќе се одгледува на традиционален, конвенционален начин, како што и до сега кај нас земјоделците го прават тоа, а подоцна ќе бидат споредени резултатите што ќе ги добиеме со примена на овој “тераграмин“, рече Валентин Захариев, од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјделството.

Во наредниот период ќе бидат организирани средби и трибини со земјоделците за промоција и нивно запознавање со овој минерален подобрувач на својствата на почвата. Производител на “тераграминот“ е фирмата “Скопски легури“, од каде рекоа дека од страна на Факултетот за земјоделство веќе се направени претходни испитувања на неговото влијание врз почвата и растенијата.

- Самиот “тераграмин“ е стерилен и може да се употребува во органското производство, никакви штетни последици нема, исто така има и свои специфични својства. Значи, поради својата pH вредност доста е погоден за кисели почви, ги неутрализира. Исто така, според својот хемиски состав, конкретно че биде погоден за оризовите полиња кои што имаат доста силициум. Друго, самиот “тераграмин“ има такво својство што е хигроскопен, ја впива влагата во себе, ја задржува и постапно ја пушта за потребите на самите култури, рече Мирослав Васовиќ, претставнк од фирмата “Скопски легури“ – Скопје.

Покрај опитот во Кочани, слични такви се поставуваат уште во шест други региони во државата, при што се опфатени насади со круши, јаболка, праска, во топроиводство и кај тутунот.

За време на целиот опит состојбите на терен ќе ги следат стручни лица од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и од фирмата производител. На крајот е планирано да се одржи завршен форум на кој ќе бидат презентирани резултатите од примената на минералниоот подобрувач “тераграмин“.

T. Aјтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 88 гости и нема членови


web counter



qr code