Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ruen inox24.04.2017  За три години од преземањето на поранешната фабрука “Руен“, сопственичкиот и менаџерскиот тим на комапнијата “Руен Инокс Аутомобиле“ веќе направи видливи промени во производствениот процес и во напорите да се поврати довербата кај дел од поранешните партнери со кои имаше цврста деловна соработка.

Сепак, нов исчекор е направен со идејата во кочанската фабрика да проработи едукативен центар, односно вратите на компанијата да им бидат отворени на машинските факултети од Македонија и на студентите да им се приближи практичната работа и стекнување дополнителни знаења во фабричките погони.

Визијата на “Руен Инокс Аутомобиле“ е да се направи поцврсто поврзување меѓу наставниот и производствениот процес.

Резултат на тоа е посетата на студенти од Машинскиот факулете во Скопје, образовна институција со која се договара институтот за испитување на материјалите во “Руен Инокс Аутомобиле“ да влезе во нејзин склоп.

- Најголем одзив добивме од Катедрата за возила на Машинскиорт факултет - Скопје и наскоро кај нив ќе биде акредитиран нашиот институт кој ќе биде во склоп на факултетот. Сега пружаме еден едукативен центар, вие сте први што присуствувате и ова е прва група од Факултетот која стигна во нашите простории, за да дадеме едно практично укажување што значи машинската струка. За сите инженери кои ќе завршат машинство вратите се отворени на “Руен“ за секого. Значи, ние секогаш имаме отворен конкурс за оператори на CNC-машини, отворен конкурс за машински инженери, отворен конкурс за програмери за CNC-машини, така што на тој начин сакаме да помогнеме на младите, да ја видат својата иднина во сопствениот град, во сопствената држава. На тој начин сакаме и сите институции, образовни, еднаш да се свртат кон стопанството. Тука е вистината, тука сите кадри кога ќе видат во какви услови тие ќе работат утре и дека тука имаат иднина сигурно дека ќе се определат да си живеат во својот град, да си живеат во својата сопствена куќа направена од родителите, а не да одат и мизеруваат по светот и да се мачат како грешни ѓаволи, рече Славе Јорданов, сопственик на “Руен Инокс аутомобиле“.

Според Јорданов, воспоставувањето соработка со машинските факултети ќе биде од двоен интерес и за фабриката, која ќе обезбеди стручен кадар, и за младите, кои ќе имаат сигурност дека ќе се вработат и ќе обезбедат егзистенција во својата земја.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 137 гости и нема членови


web counter



qr code