Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zagadena kocanska reka26.04.2017  Непозната материја со црна боја, што подоцна премина во светло сива истекуваше претпладнето од испусна цевка во коритото на Кочанска Река кај мостот на влезот на селото Горни Подлог.

Освен заматувањето на речната вода, во околината можеше да се почувствува и необична миризба што најверојатно е резултат на испуштањето на отпадните материи.

Земјоделците кои први го забележале загадувањето на водата во реката веднаш ги известиле одговорните за наводнување на оризовите површини од Водостопанската подружница  кои излегле на терен и ја констатирале состојбата.

- Се испушта некоја материја, црна, парчиња, не знаеме од што доаѓа и со какво својствтво се, меѓутоа од оваа вода ние наводнуваме дел од оризовите полиња каде има направено сега штета на самите земјоделци, на полињата што се засеани со ориз. Моментално е пријавено во инспекторатот и се работи на откривање од каде доаѓа оваа материја и да се види со какво својство е. Ќе бидеме принудени да ја потргнеме оваа вода и да се бара друг начин за да се надополнуваат тие површини со ориз, односно оризовите полиња со брегалничка вода која е почиста, меѓутоа оваа иста вода оди и надолу во Чешиново така што ќе имаме проблем и со тие полиња, рече Тони Максимов од Водостопанската подружница “Брегалница“ - Кочани.

Со оглед што се работи за испусна канализациска цевка на која се приклучени повеќе корисници од индустриската зона, засега не може да се претпостави од каде истекува отпадниот материјал што ја загадува реката. Сепак, од водостопанската подружница “Брегалница“ ги повикуваат сите субјекти кои се потенцијални загадувачи на речните води, да престанат со испуштањето хемиски и друг вид отпадни материи. Со оглед што во моментот за полнење на оризовите ниви се користат само проточните води, реките во регионот се на максимално ниско ниво, па концентрацијата на штетни материи може да достигне енормни количини.

Инаку, за краток период ова е второ загадување на речните води во регионот, откако пред десетина дена слично испушатње на отпадни материи имаше во горниот тек на реката Осојница, од што беше загадена и Брегалница.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 135 гости и нема членови


web counter



qr code