Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zagadenA ORIZARSKA REKA27.04.2017  Рибите и останатиот жив свет во Оризарска Река се умртвени по испуштањето отпадни материи во нејзиното корито.

Скромното количество вода во реката чиј капацитет се користи за наводнување на оризовите полиња, придонел за висока концентрација на отровни материи што го предизвикале поморот. Загадувањето први го забележале жители на селото Грдовци во чија непосредна близина поминува реката.

- Помор има на риби во цела река, Оризарска Река. Треба да се преземат мерки, да се види виновникот, не може ова вака да биде веќе. Штетно е со оваа вода јас мислам дека не можат да се сеат оризовите полиња, рече Драги Јорданов, претседетел на МЗ Грдовци.

- Отидов по вода и гледам риби умрени, оваа, и помали има, умираат и скокаат по водата, рече Јордан Наков, жител на Грдовци.

Засега непознато е што го предизвикало загадувањето на Оризарска Река, но случајот е пријавен кај надлежните иснпекциски служби.

За само десетина дена ова е трето испуштање штетни материи во речните корита во кочанскиот регион. Претходно загадувања беа пријавени на Осојница и на Кочанска Река, а последиците од тоа можат да бидат и посериозни со оглед што во овој период водата се користи и за наводнување на оризовите површини.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 154 гости и нема членови


web counter



qr code