Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ulica most28.04.2017  По околу два месеци откако влезе во сила одлуката за измена на режимот на сообраќајот на неколку централни улции во Кочани, мислењата во јавноста остануваат поделени.

Фреквенцијата на возила постојано е голема и став на дел од граѓаните е дека со воведувањето на еднонасочен сообраќај по улиците “ВМРО“ и “Кеј на Револуцијата“ не се постигна очекуваниот ефект за растоварување на метежот.

Напротив, забележливо е дека сега возилата чекаат подолго пред да се вклучат или да го продолжат правецот на движење на крстосниците.

Според дел од граѓаните поранешниот режим на сообраќај, пред воведувањето на измените, бил подобар и се избегнувало чекањето, особено за возилата што доаѓаат до правец на Штип, а што треба да го продолжат движењето кон плоштадот. Вината за метежот се гледа и во апркитаните возила по тротарите.

- Преоптеретен е сообраќајот, а сите објекти овде имаа гаражи, ги пренаменија во дуќани за да земаат кирија, а колите се ставени на тротоарите за да нема пешаците и децата каде да поминат... Некаде е добро, некаде не, зависи сообраќајот како се одвива...  Не е добро, како е добро, за некој лошо, за некој добро, рекоа граѓаните.

За потешкотиите со еднонасочниот сообраќај стана збор и на последната седница на Советот на која беше речено дека метежот е преку цел ден, но има и критични периоди кога има подолги застои и се создава метеж на сите страни. Токму поради тоа беше упатено прашање до првиот човек на Општината дали се размислува за подобрување на состојбата.

- Дали размислувате, дали има можност во најскоро време да се доведе сообраќајот на градските улици во ред или барем како што беше пред неколку месеци, да речеме полуеднонасочен да биде, да се врати на најфреквентните улици, да се пушти во двата правци, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

- Јас ви тврдам од извешатаите кои што се, дека сега резултатот е подобар, затоа што освен во овие критични периоди што ги кажавте вие, во периодот кога завршува целото работно време имаме закочување на тие две критични места. Мислам дека со изградбата на кружниот тек, кој треба да се изгради над Кочанска Река, ќе се рзреши едното од тие прашања, а треба да очекуваме дека враќањето назад ќе значи враќање во уште поголем хаос, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Димитровски додаде дека треба да се почека на изградбата на споменатиот кружен тек, порачувајќи им на авозачите дека сега имаат две слободни ленти на секоја од улиците и потребно е да се променат поранешните навики за возење.

Сепак, додека да се реши со нов инфраструктурен сообраќаен зафат, проблемот и понатаму останува актуелен и секојдневен. Со оглед што за кружниот тек се потребни средства од околу 700 илјади евра, прашање е од каде тие ќе се најдат и колкав период ќе биде потребен додека тој да се изгради.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 756 гости и нема членови


web counter



qr code