Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vozacki dozvoli28.04.2017  Граѓаните од Македонија кои живеат и работат во Германија имаат проблем со признавањето на македонските возачки дозволи, поради што не се во можност да управуваат возило подолго од 6 месеци.

Иницијативата за организирање петиција што ја започнаа на почетокот на април трае 30 дена. Во тој рок треба да се соберат 50 илјади потписи со што ќе може да се влијае врз германското сојузно министерство за сообраќај.

Според тамошните законски прописи по пријавувањерто адреса на живеење во Германија во рок од шест месеци истекува важноста на македонската возачка дозвола, а истото важи и за оние наши сограѓани кои македонските ги замениле со возачки од другите земји на ЕУ.

Иницијаторите на петицијата велат дека повикани се сите граѓани, без разлика дали се засегнати или не со овој проблем да помогнат за собирање што поголем број потписи.

- До сега имаме голем одзив на потпишување, но ни треба уште повеќе затоа бараме македонските граѓани да ни дадат поддршка, и може да ја даде секој, без ограничување на возраста на тој начин што влегува на страната на петицијата https://www.openpetition.de се потпишува име, презиме, адреса и земја од која што потпишува. Многу важно е после тоа на е-меилот што го пишува во линкот, стигнува друг линк што треба само да се потврди, без потврда на тој линк исто како да не сте ја потпишале петицијата, рече Верче Кочева, учесник во петицијата.

Со оглед што македонските возачки дозволи не се признаени во Германија, нашите сограѓани се принудени да го полагаат возачкиот испит од почеток, а тоа чини околу 2.000 евра.

- Петицијата има за цел да го забрза процесот на признавање, затоа што овој процес е веќе долго време заглавен во административните лавиринти, но заглавен е и од наша страна, така што би сакале да се подигне свеста и на македонските институции, да го разгледаат овој проблем и да ни помогнат, додава Кочева.

Носителите на иницијативата сметаат дека со нејзиното успешно завршување ќе имаат аргумент повеќе да се забрза целата процедура која трае со години.

Освен со потпишување на петицијата, тие ги повикуваат граѓаните во Македонија и оние кои живеат во странство, да го споделуваат линкот со свои пријатели и роднини за да се зголеми одзивот и што помасовно да се настапи пред германските законодавни служби.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 41 гости и нема членови


web counter



qr code