Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

brak prsten03.05.2017  Позитивен е ефектот од воведувањето на финансиската помош од по 500 евра за склучување брак меѓу партнери кај кои барем едниот е на возраст од над 40 години.

Мерката што пред две години ја воведе и Општина Кочани, со што им се придружи на неколку други локални самоуправи од државата, беше со цел да се влијае на подобрувањето на наталитетот.

Потрошените пари за оваа намена во 2016 година покажуваат дека постои интерес за склучување брак меѓу повозрасни партнери, а за ефектот од воведувањето на паричната поддршка на последната седница на Советот беше упатено и конкретно прашање до првиот човек на Општината.

- Самата мерка во Програмата беше поместена со тоа што се алудираше дека ќе се зголеми наталитетот во општина Кочани, па како предлагач на самата мерка, секако, имате и обврска да ја следите. Јас би барала ваше видување дали со оваа мерка и потрошените 210 илјади денари имаме остварена цел по оваа програма, рече Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани.

Димитровски рече дека мерката можеби имала влиајние во однос на склучувањетo бракови меѓу повозрасните лица, но немаше податоци дали се влијаело и врз подигањето на наталитетот.

- Покажува ефект, еве сами забележавте 7 брака се склучени на над 40-годишници. Тие ги немавме, првата година имаше само 1 брак. Значи, можеби влијаело и тоа тие да се одлучат да ги склучат тие бракови. Немам информација, не ни текнало да провериме дали е подобрена демографската структура, односно дали има новороденчиња, меѓутоа ќе се заинтересираме, бидејќи ги знаеме конкретно сите и ви ветувам дека ќе го добиете одговорот, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани

Според Димитровски, можеби е и прерано да се знае дали мерката имала влиајние врз подобрувањето на анаталитетот со оглед што лицата кои ја искористиле финансиската поддршка само една година се во брачна заедница. Поради тоа, доколку сега се направела анализа, најверојатно податоците би биле неверодостојни.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 88 гости и нема членови


web counter



qr code