Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

mile lefkov11.05.2017   Миле Лефков е новиот в. д директор на СОУ „Љупчо Сантов“. На раководната функција на училиштето доаѓа по десет годишна работа како професор во Гимназијата по предметот „Основи на правото“.

Лефков е дипломиран правник и како нов раководител на установата рече дека ќе се залага за подобра и квалитетна настава во училиштето.

- В.д директор знаете дека е раководен орган на јавното средно училиште кога нема распишан оглас. Одговорен сум за законитоста на работењето и материјално финансиското работење на училиштето. Се надевам дека во овој краток период кој што останува до крајот на наставната година ќе овозможиме успешно да заврши наставниот процес и успешно ќе се спроведат и останатите активности. Понатаму останува планирање на наредната учебна година и се надевам дека ќе имаме соработка и со вас медиумите и со пошироката општествена и бизнис заедница, рече Миле Лефков, в.д директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

Лефков како директор на установата доаѓа на местото на досегашниот в.д директор Доне Донев кој исто така беше привремен вршител на раководната функција во училишната установа.

Т. Велкова

2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 723 гости и нема членови


web counter



qr code