Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

orizarska reka pobele17.05.2017  Белата боја на водата во реката Масалница веќе станува вообичаена појава поради испуштањето непознати отпадни материи во нејзиното корито.

Земјоделците кои имааат ниви во близина уште од понеделникот попладне забележале дека има нов помор на рибите и останатиот жив свет, па како и неколкупати до сега ги известиле надлежните во водостопанската подружница.

Претпладнето вработени во претпријатието извршиле повторен увид и констатирале оти новата пријава од земјоделците е оправдана, но тие се немоќни да го спречат загадувањето. Причина за тоа е што непознат е субјектот или изворот на загадување, иако досегашните слични случаи веќе биле пријавени кај инспекциските органи.

- И покрај сите обиди да се пронајде виновникот за тоа, се уште не е пронајден. Веројатно станува збор за префрлање на топката од едни на други, помеѓу Министерството за екологија, инспекторите помеѓу себе ја префрлаат топката, инспекторот за рибарство и инспекторот за екологија. Сега, најнова информација ни кажуваат од Инспекторатот за животна средина дека наводно мострите ние требало да ги земаме од загадената вода, што за мене нема логика и како ќе се одвива работите понатаму, не знам, рече Станче Стефанов од водостопанската подружница “Брегалница“.

Загадувањето на водата во Оризарска Река, односно Масалница беше констатирано и пред десетина дена. Излевање на отпадните материи има од цевка што директно се влева во речното корито, а само десетина метри погоре од неа има два привремени зафати со чија помош водата се пренасочува за полнење на оризовите ниви.

Поради тоа што не се извршени испитувања за какво загадување се работи, непознато е како тоа ќе се одрази на оризопроизводството, но факт е дека живиот свет во водата изумира.

- Веќе се познава дека има повторно изумрени риби, жаби и други животни. Се додека не се докаже дали има нешто штетно, работите ќе си останат така, статус-кво, додава Стефанов.

И додека надлежните инспекторски служби си ја префрлаат одговорноста, загадената вода во Масалница тече и ја уништува фауната во неа, а понатаму и во Брегалница.

Впечаток е дека никој не сака да се зафати со откривање на загадувачот и решавање на проблемот, со надеж дека и граѓаните ќе отрпнат, па покрај сите други проблеми ќе заборават на ваквите еколошки инциденти.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 741 гости и нема членови


web counter



qr code