Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fudbal stars200618.05.2017  Младите фудбалери на “Фудбал старс“ од Кочани го докажаа својот талент и квалитет и заслужено се најдоа меѓу најдобрите пионерски екипи во Македонија.

На завршниот турнир, т.н. фајнал фор што се одигра на стадионот “Никола Мантов, а на кој учествуваа најдобрите четири екипи од регионот, нашите момчиња постигнаа одлични резултати и обезбедија понатамошно учество во натпреварите за освојување на шампионската титула.

Екипата на “Фудбал старс“ од генерацијата 2004 во полуфиналето ја совлада “Слога 1934“ од Виница со 3:2, а во финалната средба со ист резултат ја победи и “Каменица Саса“. Сличен успех имаа и нивните клупски колеги од генерацијата 2005 кои во финалето ја победија “Зрновка“ со 11:1, а младите фудбалери од генерациојата 2006 најпрвин во полуфиналето го победија “Младост Тошев“ од Оризари со 6:2, а потоа и во финалната средба беа подобри од виничка “Слога 1934“ совладувајќи ја со 3:0. Генерацијата 2007 на “Фудбал старс“ исто така во финалниот натпревар славеше победа против “Младост Тошев “ од 4:1. Со тоа сите четири екипи се стекнаа со право да учествуваат на завршниот турнир во Скопје, на кој за шампионската титула покрај нашиот, ќе се борат уште седум тимови од Македонија.

Нашите фудбалери од генерацијата 2008 пак, на фајнал форот во Кочани во финалето доживеа пораз од “Брегалница“ од Делчево со 7:5, по што завршија второто место.

Освен помладите, успешно коло имаа и постарите екипи на “Фудбал старс“ кои се натпреваруваат во јуниорската лига. Помладите петлиња од генерацијата 2003, кои се натпреваруваат во југоисточниот регион, гостуваа во Радовиш против “Плачковица“ и победија со 5:1. Помладите пионери од генерацијата 2001 пак, на домашен терен се сретнаа со “Премиер“ од Крива Паланка и победија со 5:0, додека пионерите од генерацијата 2000 против своите кривопланачеки врсници славеа победа од 1:0.

В недела, во рамки на јуниорската лига ќе се игра последното коло, при што нашите помлади пионери ќе гостуваат во Ѓорче Петров, каде против тимот на “Њу старс“ ќе го играат одлучувачкиот натпревар за освојување на шампионскта титула. “Фудбал старс“ има предност од 2 гола со оглед што во есенскиот од првенството на домашен терен победи со 3:1. Истиот ден ќе се одигра последноито коло и во пионерска кокуренција, а нашиот тим исто така ќе се сретне се “Њу старс“.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 291 гости и нема членови


web counter



qr code