Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

maturanti ljupco santov19.05.2017  196 матуранти од Гимназијата „Љупчо Сантов“ го прославија еден од најважните моменти од својот живот кога стануваат полнолетни, момент кога го поминуваат прагот помеѓу тинејџерските години и сериозноста.

Матурантите пристигнуваа во училиштето каде што беа пречекани од многубројниот народ кој и годинава не го штедеше аплаузот, а потоа организирано се сликаа со своите партнери и влегуваа во училиштето на класен час.

Сите по малку збунети на последниот класен час си ветија понатамошни заеднички дружења, а кажаа дека годините поминати во училишните клупи никогаш нема да ги заборават.

Класните раководотели, се чини беа повозбудени од самите матуранти. Со солзи во очите се разделуваа од своите прекрасни ученици со надеж дека во иднина од нив ќе произлезат познати лекари, инжинери, архитекти.

Инаку и годинава новиот менаџерскиот тим и вработените во „Љупчо Сантов“ го украсија училиштето и ги пречекаа матурантите како што доликува на свечениот момент. Новиот в.д директор на училиштето Миле Лефков им ја честиташе матурата на завршените ученици.

По завршување на класниот час со своите класни раководители се упатија кон ресторанот „Амор“ и ја прославија својата матура лудо и незаборавно.

Вечерва прославуваат матурантите од СОУ „Ѓошо Викентиев“ кога и тука е планирано заедничко претставување со своите класни раководители, дефиле во паркот, како и прослава на матурата во хотелот на браната Гратче.

Т. Велкова

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 61 гости и нема членови


web counter



qr code