Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stafeta titovisti 201725.05.2017  Некогашните Tитови пионери, денешни пензионери од Кочани не го заборавија 25 мај. Според нив, тоа е еден од најубавите денови во месецот, кога во поранешната заедничка држава Југославија се славеше роденденот на нејзиниот претседател Јосип Броз - Тито.

Со свечено дефиле, развиорени македонски знамиња и југословенски тробојки ја пронесоа штафетата на младоста по улиците на градот.

Така членовите на Здружението граѓани почитувачи на ликот и делото на Тито го одбележаа денот на младоста и ги освежија спомените на времињата кога гордо стоеле при интонирањето на некогашната химна.

- Во име на ликот и делото на нашиот патрон ги повикувам сите наши сограѓани, цела Македонија, да се сетат на убавите моменти што ги имаа во животот, живеејќи во Титова Југославија. Засекогаш ние би сакале да продолжи, да оставиме на младите убави спомени, убави моменти од заедничкиот живот рече Трајче Трендов, претседател на Здружението на граѓани “Јосип Броз Тито“.

Со песна и оро, на свеченоста се придружија повеќемина граѓани и гости кои дојдоа и од поранешните југословенски републики. Рекоа дека им е убаво што барем со мислите се враќаат во времињата кога се живеело подобро, кога од Гевгелија до Крањ се патувало без пасош, а сегашните различни народи славеле исти празници.

- Многу поубаво се живееше, за сите беше убаво и никој не мислеше за ништо, подобри плати земавме, се одеше на одмор, а сега се смени состојбата.... Ме радува ова што се обновува, но што за жал никогаш веќе нема да биде како што било, рекоа присутните граѓани.

На годинешниот 25 мај се навршуваат 125 години од раѓањето на маршалот и претседател на поранешна Југославија, кој иако во децениите што следуваа беше оспоруван, голем број негови современици се сеќавааат на времињата кои за нив биле многу подобри од денес. Рекоа дека неоспорен е неговиот придонес за признавањето на македонската нација и држава, која успешно се развиваше во заедничките граници на некогашната татковина.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 44 гости и нема членови



web counter




qr code