Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stecajci sobir01.06.2017  По подолг период стечајните работници од Кочани кои се дел од Здружението “Унит“ повторно го започнаа обновувањето на евиденцијата за членство, откако поминаа повеќе години во исчекување да се реши нивниот статус.

Велат дека по формирањето нова Влада во Макеоднија очекуваат и за нив да дојдат подобри денови, односно да се донесе соодветно законско решение со кое тие наместо да се собираат по улиците, да ја добијат заслужената поддршка од државата.

На старото собирно место покрај кејот на Кочанска Река кај Центарот за култура се потпишуваа во списокот со кој треба да се потврди нивниот број и да се излезе со заедничко барање пред ресорниуте министерства.

На состанокот присуствуваше и претседателката на Здружението “Унит“, Лилјана Георгиевска која рече дека постои голем оптимизам и надеж оти ветувањата што им биле дадени од страна на новите функционери на власта ќе бидат конечно исполнети.

- Еднаш засекогаш да се реши нашиот проблем, значи тоа што е ветено, да се стои на зборот, ќе чекаме Владата да се формира, да се стави законот во процедура и да прекине оваа наша голгота. Имаме и прилив на тие кои не се во Здруженеито, но сите ќе ги прифатиме, на сите им е отворена вратата, секој што го следува нека повели. Колку и да се пребројувам,е, нема да постигнеме бројка повеќе од 4 илјади, за жал половината и повеќе изумреа, што е најстрашно. Ама, ме радува што гледам насмеани лица, благодарност до стечајните работници кои дадоа придонес да истраеме, нашите барања да ни се остварат, рече Лилјана Георгиевска, претседател на Здружение на стечајни работници “Унит“.

Георгиевска рече дека секој што заслужил и кој ги исполнува условите треба да биде обештетен со што конечно ќе се исполнат повеќгодишните маки и барања на членовите на Здруженеито “Унит“.

Координаторот на кочанскиот огранок на стечајни рабоитници рече дека има промени во евиденцијата на членовите, а се јавуваат и лица кои до сега не биле активни.

- 30 до 50 луѓе одевме на протест и на општинско и на централно ниво, со приведувања, со казни, меѓутоа сега, откако се слушна дека ќе се добие, имаме поголем прилив на стечајци кои не доаѓаа. Како што рече претседателката, ќе бидат прифатени сите, само мирно, секој ќе биде запишан, и да чекаме да влезе законот во собраниска процедура, да видиме до каде ќе стигнеме и да дојде ден да добиеме решенија и да одиме во банка, па и ние да се насмевнеме еднаш, да видиме некој денар, рече Ангел Арсов, претседател на огранокот на Здружение на стечајни работници “УНИТ“.

Аросв додаде дека според последната евиденција имале над 200 членови од Кочани во огранокот на Здружението, но најверојатно тој број ќе се покачи за уште неколку десетици.

Стечајците ги отфрлаат сите досегашни законски решенија, па и последниопт предлог што беше изготвен пред скоро две години. Се надеваат дека ќе се донесе ново законско решение со кое ќе бидат опфатени сите работници кои не по своја вина останале на улица затоа што фирмите во кои работеле отишле во стечај и биле ликвидирани.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

26°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 47%
Ветер: Variable при 2 kmh
Сабота17°C/34°C
Недела19°C/35°C
Понеделник19°C/34°C
Вторник19°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години
Пријатели


Имаме присутни 140 гости и нема членови



web counter




qr code