Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

prezentacija sport01.06.2017  Од оваа година ќе започне да се применува нов образец за утврдување данок на добивка кај стопанските субјекти, при што има извесни измени за даноците во спортот, а за што се пропишани соодветни даночни поттикнувања.

За новините што ги донесуваат дополнувањата на Законот за данокот на добивка стана збор на презентацијата што се одржа во Кочани, а на која зборуваше директорот на консултанстаката куќа Рафајловски.

Беше речено дека компаниите можат да добијат соодветно даночно ослободување ако дел од добивката ја вложат во развој на спортот, што би требало да овозможи спортските клубови и поединците да добијат значителна финансиска поддршка.

- Значи, упростена е постапката наместо онаа што ја имавме со стариот закон и зголемени се ослободувањата. Така, ако давате пари за фудбалските клубови, за нив ослободувањето е и 50% од пресметаниот данок на добивка. И ова е сјајна можност истите пари шпто би ги дале на државата да ги дадете на некој клуб, ако ги давате на спортист тогаш парите се многу помалку. Значи, најмногу земаат фудбалските екипи, а во втората категоријат влегуваат ракомет, кошарка и Меѓународен олимписки комитет каде 40% од оданочувањето ќе бидат ослободени. Исто 40% се ослободени за кошаркарските и за ракометните клубови.), рече Горан Рафајловски, директор на “Рафајловски консалтинг“.

За да можат претпријатијата да добијат даночни ослободувања доколку вложат во спортот, потребно е екипите што ќе ги помагаат да се натпреваруваат во официјална нацоинална лига, без оглед на рангот, односно неважно е дали тое е прва, втора или трета лига. Исто така, клубовите треба да имаат подмладок, во спротивно Агенцијата за спорт и млади нема да даде согласност, односно писмена потврда за даночно ослободуање за вложените пари. Ако не се исполнети овие услови, сумата што нема да се плати за данок е далеку помала.

- Тогаш ослободувањето од данокот е само 10%, како кај индивидуалните спортисти, и исто така и за индивидуалните спортисти ќе бидете ослободени од данокот на добивка, но тогаш не сте ослободени од персоналниот данок и затоа најдобро е тоа вие да го избегнувате, освен ако не правите нешто за сопстевно дете, тогаш барем ќе ги искористите тие 10%.), додаде Рафајловски.

На презентацијата беше речено дека со измените и законските дополнувања се овозможува фирмите да добијат стимулација за да вложат во спортот, и тоа да го прават во соработка со Агенцијата за спорт и млади и преку МОК. На тој начин ќе фдобијат поголеми даночните ослободувања, а парите во целосен износ ќе му бидат исплатени на клубот или на спортистот поединец.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 43 гости и нема членови


web counter



qr code