Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

SOCIJALEN SLUCAJ05.06.2017  Откако пред две недели по тешко боледување на 38-годишна возраст почина Сашко Велков, татко на две малолетни деца од село Јакимово, Виничко, сега децата се оставени на старателство на баба им.

Таму каде што живеат нема нормални услови за живеење. Распаднат кров кој што тече од сите страни, а по починувањето на таткото веќе не ја земаат ни негата која ја земаа за нивниот болен татко.

Роднини и блиски на децата покренаа иницијатива за изградба на нова куќа во селото Јакимово која што е веќе во изградба. Досега се што е изградено за новата куќа е направено од донации од локални фирми и помош од Општина Виница.

 

Сега семејството Велкови бара помош исто така од локални фирми кои се во можност да помогнат да може да се догради куќата за да има каде да живеат децата со нивната баба. 

-Ние колку можеме се трудиме, јас се што можев и од кој можев да побарам помош направив се за да ја изградиме и оваа карабина на куќата и покривот. Сега останува на фирмите кој колку може да донира да можеме да направиме соба на овие деца да имаат кров над главата да водат нормален живот. Татко им почина пред две недели и ги остави така да живеат со баба им, тешко е многу па затоа бараме помош, рече Влатко Јанкуловски, роднина на семејството Велкови.  

Молбата на ова семејство  е насочена кон што е можно побрза подготовка на куќата да можат и овие две малолетни деца да живеат нормален живот  со кров над глава. 

Т. Велкова 

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code