Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

molitva dzamija07.06.2017  Богата трпеза по повод месецот на постот Рамазан организираа муслиманските верници во кочанската џамија.

На традиционалната средба  наречена рамазански ифтар оџата со поздравна молитва им порача на верниците да се почитуваат меѓу себе, да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување.

Ифтар вечерата што се одржа  синоќа е регионална а ја организира муслиманската хуманитарна организација. На ифтарот  освен муслимани од Кочани имаше и гости од Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Штип, Свети Николе, Виница, Берово, Делчево пред кои се зборуваше за значењето на постот.

-Рамазан е еден од двата најзначајни муслимански празници. Тоа е период во кој припадниците од муслиманската вера строго се воздржуваат од јадење, пиење и телесни задоволства , од зори до заоѓање на сонцето. Рамазан трае 30 дена , кога настапува тридневниот рамазански Бајрам, рече Мухамед Мемедов, претседател на муслиманската хуманитарна организација Кратово.

Во време на пост, поштедени се болните, бремените жени и тешки физички работници. Во текот на Рамазан животот во целиот исламски свет се потпира на посебен ритам, луѓето меѓусебе се посетуваат и заеднички ги поминуваат вечерите.

Т. Велкова 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

11°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 47%
Ветер: WNW при 2 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 162 гости и нема членови


web counter



qr code