Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstina kocani zgrada07.06.2017  Забележано е подобрување на транпарентноста во работењето на Општина Кочани во првиот квартал од оваа година во однос на претходната, со што таа е сместена во групата на добро транспарентни општини во Македонија.

Такви се добиените резултати од истражувањата што ги направил Центарот за економски анализи од Скопје, испитувајќи ја јавноста во работењето на општините и на државните институциии, односно на сите министерства во текот на минатата година. 

Според јавно објавените податоци, нашата Локална самоуправа со измерена транспарентност од 61,2% се наоѓа на 23 место од вкупно 97 набљудувани општини и министерства во државата.

Со тоа е забележано сериозно поместување нагоре што изнесува цели 17 места, односно за 9 индексни поени повеќе. Во однос на 11-те општини од Источниот регион, Кочани е зад Штип кој со 73,1% е на 6 место на ниво на држава. Во групата на добро транспарентни нема други локални самоуправи од регионот, односно останатите 9 се наоѓаат во групата со просечна или слаба транспарентност. Така, Зрновци е на 38 место со 47,8% пред Виница која е 46 со 44,8% јавност во работата. Најслабо рангирана од општините во микрорегионот е Чешиново-Облешево која е во групата на слаба транспарентност и се наоѓа на 58 место 37,3%.

Истражувањето е направено врз основа на податоците што општините ги имаат објавено на своите веб-страници, но и според дадените одговори на доставените прашалници, а содржеле прашања за пристапот до информации, за информации за надлежностите и за услугите на општините, како и за буџетската и финансиската транспарентност. 

Според генералните резултати на Центарот за економски анализи, а во кои се вклопува и Општина Кочани, институциите објавувале најмногу известувања од областа на пристапот до информации, а најмалку за буџетската и финансиската транспарентност. Тоа беше и една од причините Швајцарската агенција за соработка и развој да помогне во подобрувањето на буџетската транспарентност, па Кочани со уште други девет општини минатата година беше вклучена во проектот за форуми во заедницата, при носењето на предлог буџетот за 2017-та. Очигледно е дека тоа имало извесно влијание во подбрувањето на јавноста на носењето на главниот финансиски документ.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

11°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 47%
Ветер: WNW при 2 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 158 гости и нема членови


web counter



qr code