Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

javno obvinitelstvo kocani tabla12.06.2017  Основното јавно обвинителство во Кочани деновиве започнало соодветна правна постапка против првиот човек на Општина Кочани по добиениот извештај од Државниот завод за ревизија, а што се однесува за начинот на работење на Локалната самоуправа во текот на 2014 година.

Според податоците што ги доставиле ревизорите, биле утврдени неправилности околу ангажирањето лица за извршување работни задачи за одреден временски период.

До Обвинителството бил испратен заклучокот во кој стои дека финансиските извештаи, за кои директна одговорност носи градоначалникот Ратко Димитровски, не ја прикажуваат вистинито и објективно финансиската состојба во општина Кочани за 2014 година.

Контролите што ги направиле службените лица од државната ревизија покажале дека кај привремените вработувања во Општина Кочани имало намалена транспарентност и субјективност при изборот на лицата.

Заедно со сомнителните наоди во нашата Општина, ревизорите констатирале законски прекршувања и во Министерствата за економија и за образование, како и во ЈП “Македонија пат“. Поради тоа Јавното обвинителство започнало постапка за прибирање докази од кои треба да се утврдат наодите од ревизиската инспекција.

Обвинителството издало наредби до МВР, до Управата за финансиска полиција и до други институции да достават соодветна документација како докази и известувања со кои треба да се расветлат наводите содржани во извештајот.

Со оглед што во истрагата е вклучена и Финансиската полиција, се отвора дилема дали во случајот има финансиска штета за буџетот на Општината и колкава е нејзината вредност.

Повеќепати до сега при изготвувањето на финансискиот план имаше забелешки на седниците на Советот за начинот на распределбата на парите на граѓаните. Тоа особено се однесуваше на зголемувањето на милионските долгови во образованието, односно неплатените давачки за превоз на учениците, но и за набавка на основните средства за одржување на хигиената, на пример. Поради тоа, беа критикувани и годишните извештаи за работењето на училиштата што се доставуваат до Општината.

- Значи, кратете од елементарни работи за покриете други долгови, тоа е уште доказ дека овие извепштаи што ги давате се нерееални, и дека сум бил и порано во право кога сум рекол дека еве, ни Виенската филхармонија не може да наштима толку добро како што можат книговодителите, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

Со оглед што Јавното обвинителство неодамна ги добило извештаите од Државниот зазвод за ревизија, меѓу кои и оној за работењето на Општина Кочани, за сега се уште нема резултат од започнатите истраги. Притоа, се констатира дека и наодите на ревизорите можат да се користат како доказ во евентуална судска постапка и не можат да бидат оспорени.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 53 гости и нема членови



web counter




qr code