Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

delegacija leskovac12.06.2017  Работна посета на Општина Кочани реализираше делегација од локалната самоуправа на Лесковац, Република Србија, а на која се разговораше за унапредување на веќе воспоставената почетна соработка.

Главна тема на средбата во нашата Општина беа проектите за изградба на пречистителна станица за отпадни води и за регионална депонија за цврст отпад.

Со оглед што во Лесковац овие инфраструктурини објекти се веќе реализирани и успешно функционираат, се разговараше околу искуствата од придобивките и евентуалните проблеми што можат да се појават.

- Пред само 10 дена имав чест да бидам делегат од Република Србија на работна средба штро се одржа во Виена, во Австрија, а тема беше изградбата на фабрика за пречистување на отпадните води. Ние сме пример за добра практика, при што ЕУ вложи 10,5 милиони евра за да се заврши тој капацитет. Истовремено имаме и депонија каде титулар е австриската компанија “Пол, Вебер, Вернер“ и до оглед што имаме и заеднички проблеми и заеднички решенија, овде сме за да размениме искуства, рече д-р Горан Цветановиќ, градоначачлник на Општина Лесковац.

Општинската делегација од Лесковац престојот во Кочани го реализираше како возвратна посета, откако претходно наши претставници ги посетија своите српски колеги.

На средбата во нашата Локална самоуправа било договорено соработката да продолжи, а главно да биде насочена во областа на културата, спортот и другите сфери од општественото живеење.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 40 гости и нема членови



web counter




qr code