Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

JANA12.06.2017  9-годишната Јана Илијевска од Кочани е победник на ликовниот конкурс на тема „Животните и  водата“ што трета година по ред го организира брендот „Ладна“ и ги испраќа најсреќните во Дизниленд, односно двајца најталентирани меѓу младите уметници кои учествуваат  на конкурсот.

 Освен Јана, добитник на патување во Дизниленд е 4-годишната Марта од Прилеп и со своите семејства ќе отпатуваат на три дена  во најзабавниот детски парк во Париз каде живеат најобожуваните цртани херои.

Јана е изненадена, но истовремено и многу радосна што ќе ја има ретката можност да патува во Дизниленд. 

Натпреварувањето беше поделено во две категории, деца на возраст од 4 до 7 години и од 7 до 10 години. Стручното жири имаше многу тешка задача да избере по три најубави цртежи од двете категории на Ладна конкурсот.

Добитниците на вторите места добија годишни курсеви за цртање, а третите двајца добија таблети за цртање. 

Т. Велкова

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 30 гости и нема членови



web counter




qr code