Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

promocija gabriela14.06.2017  „Црвената боја на љубовта“ е насловот на новата, втора книга на авторката Габриела Костадинова од Пехчево.

Костадинова книгата која што е комбинација од поезија и проза ја посветува на нејзиниот син Душко. Мотивот да ја напише го црпи од секојдневните случувања на неа и нејзиното семејство.

Промоцијата на книгата беше пропратена со музика, а извадоци читаа членови на ЛК „Копнеж“. Книгата пред присутните беше претставена од страна на Љупка Стојменова, професор по македонски јазик и литература и Вера Анастасова библиотекар.

Промотор на книгата беше прим. д-р Нада Симовска, педијатар во пензија која што зборуваше за љубовта на авторката кон поезијата.

Љубовта за пишување кај Костадинова се родила уште мала кога мајка и работела во библиотека. Сега и таа работи како библиотекар во библиотеката во Пехчево.

Нејзината прва поетска книга излезе од печат во 1998 година под наслов „Записи на болката“.

Т. Велкова

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

26°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 47%
Ветер: Variable при 2 kmh
Сабота17°C/34°C
Недела19°C/35°C
Понеделник19°C/34°C
Вторник19°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години
Пријатели


Имаме присутни 110 гости и нема членови



web counter




qr code