Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

crven krst sedenka14.06.2017  Околу 100-тина крводарители од општините Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево на заедничка средба по повод Светскиот ден на крводарителите 14 јуни.

Оние кои скапоцената течност ја дарувале повеќе од 5 пати добија признанија и награди од Општинската организација на Црвен крст Кочани. За 75 пати дарувана крв признание му беше доделено на Ацо Захариев.

Благодарници за 50 пати дарувана крв добија Васе Митев, Ане Каров и Сашко Костадинов. Темата на овогодишнотоо мото под кое се одбележува денот е драувај крв, дарувај сега, дарувај често.

Инаку, планот за крводарување на ОО Црвен крст - Кочани минатата година беше исполнет со 95%. И годинава оди според планираното.

- Според планот годинава треба да се соберат 1.350 крвни единици. Досега имаме спроведено 7 крводарителски акции на кои собравме 410 крвни единици. Веруваме дека планот и годинава ќе биде успешно реализиран, рече Анета Коцева, секретар на ОО на Црвен крст - Кочани.

На средбата им беше оддадена почит и благодарност на крводарителите кои со своето дарување крв го даваат животоспасувачкиот подарок на оние на кои им е потребна. Целта на ваквото одбележување е и да се подигне свеста за значењето на крводарителството и за потребата од регуларно дарување крв.

Во месец јуни Црвен крст - Кочани ќе спроведе две крводарителски акции една редовна последниот четврток од месецот и една во ПС Кочани.

Т. Велкова

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

26°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 47%
Ветер: Variable при 2 kmh
Сабота17°C/34°C
Недела19°C/35°C
Понеделник19°C/34°C
Вторник19°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години
Пријатели


Имаме присутни 110 гости и нема членови



web counter




qr code