Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

skolo cesinovo15.06.2017  Над 1 милион и 500 илјади денари ќе чини реконструкцијата на кровот на зградата на подрачното основно училиште “Страшо Пинџур“ во Чешиново.

Градежните работи се во подготвителна фаза, откако успешно заврши тендерската постапка за изведувач, а на која се пријавиле седум фирми, при што за најповолна е избрана.понудата на компанијата “Тонко СР“ од Кочани.

Според техничката спецификација се планира целосна замена на старите ќерамиди на околу 1000 метри квадратни, како и на дрвената конструкција од кровот, громобранската инсталација и на олуците.

Задача на изведувачот е во склоп на реконструкцијата да постави соодветна термоизолација прекриена со пародифузна воднонепропусна кровна фолија, а кровот повторно да биде изведен со ќерамиди, со што нема битно да се измени претходниот изглед.

Договорот со изведувачот е веќе потпишан и се очекува наскоро да започнат подготвителните работи и отстранувањето на стариот материјал. Според обврските од тендерската документација, градежните работи треба да завршат во рок од три месеци, односно со почетокот на новата учебна година.

Инаку, кровната конструкција на училишниот објект во Чешиново подолг период чекаше поправка поради дотраеноста и честото прокиснување. Освен тоа, со новите градежни зафати ќе се докомплетира енергетската ефикасност на зградата, која пред пет години имаше реновирање на фасадата, беа заменети прозорците и вратите, подобрено беше осветлувањето и се воведе парно греење. Тогаш парите ги обезбеди Општината Чешиново-Облешево преку ГЕФ проектот на Светската банка, како и од донација на Полската амбасада во Македонија.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

26°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 47%
Ветер: Variable при 2 kmh
Сабота17°C/34°C
Недела19°C/35°C
Понеделник19°C/34°C
Вторник19°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години
Пријатели


Имаме присутни 111 гости и нема членови



web counter




qr code