Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo trening stadion116.06.2017  Наместо бараната сума од 500 илјади денари, ФК “Осогово“ ќе добие половина од овие пари како поддршка од Локалната самоуправа на Кочани за покривање на трошоците за котизација за влез во Втората лига.

Советот на Општината го разгледуваше писменото барање што го доставила Управата на клубот и едногласни беа констатациите оти успехот со пласман во повисок ранг на натпреварување треба да добие финансиска поддршка.

Претседавачот на 63. седницата ова прашање дури го стави и како прва точка од дневниот ред. Дел од присутните во салата пак, тоа го протолкуваа како обид да се прикаже заинтересираност за клубот по низата критики во јавноста дека локалната власт многу малку се грижи за спортот, а посебно за фудбалот.

Во дискусиите на советниците имаше забелешки дека немаат доволно информации како работи клубот и колку пари му требаат за следното првенство, ниту пак општинската администрација ги известува како ги распределува буџетските средства наменети за спортски активности.

- Досегашното нетранспарентно работење во многу сегменти на Општина Кочани или слабостите што ги има конкретно во секторот за спорт не доведуваат во една позиција во која не знаеме дали одлуката што ќе ја донесеме сега ќе биде вистинска и ќе биде доволна за фудбалскиот клуб, бидејќи немаме релевантни податоци за целокупното работење, ниту за сите клубови, ниту имаме извештај за финансирањето од претходните години, за кој клуб колку средства се исплаќани, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

- На 60. седница, кога работевме, јас лично побарав да ми се достави извештај кој клуб во Кочани колку средства добива. Јавно ветување добив од оваа говорница, до ден денес материјалот го немам. Зошто се кријат тие работи? Мора да бидеме транспарентни, мора да знаеме колку пари каде одат, тоа се сепак пари на граѓаните. И овие пари, јас не верувам дека “Осогово“ ќе ги залечи раните, меѓутоа е мала инекција во целиот овој процес и да не застане тука, рече Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани.

Првиот човек на Општината рече дека навистина недостасуваат информации за тоа како работи клубот и колку точно пари ќе му требаат за натпреварите во Втората лига, но не се согласи со тврдењето оти советниците не биле информирани како се распределуваат средствата од Буџетот што се предвидени за спортот.

- Не може да зборуваме дека немаме податоци, податоците ги имаме и ќе ги дадеме. Меѓутоа, ние во градот имаме преку 10 спортски клубови, тука е гимнастиката, младите кошаркари, има нов ракометен клуб, боречкиот клуб, имаме и други друштва, ги помагаме сите. Тука се училишните спортови кои што исто така се од ова, кои за мене се доста квалитетни, доста на високо ниво. Потребно е така да го поставиме прашањето, прво да се стабилизира Управата во фудбалскиот клуб, за да може да ја стекне довербата и кај граѓаните и кај стопанството, кај приватниот сектор, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

- Значи, сега повторно е крива Управата на “Осогово“. Господине градоначалник, вие 8 години градите атмосфера на игноранција кон сите спортови во Кочани. Со понижувачките 2 милиони денари, што сега се можеби 2 милиони на годишно ниво, но имаше години наназад смешни и трагични 1 милион и 200 илјади, а вие сакате да развивате спорт. Значи, од тоа нема ништо и сега кога треба да Општината да помогне со сериозни средства, сега повторно вината е на Управата. Се согласувам дека можеби Општината не може целосно да го финансира “Осогово“, ама да не сме ни до колена, како Општина, на Општина Штип, сепак е понижувачки, а вие како градоначалник и двигателна сила во општината требаше да создадете атмосфера на доверба и сите луѓе во овој град да финансираат во спортот онолку колку што можат, рече Влатко Трајанов, члена на Советот на Општина Кочани

Грубите проценки за трошоците што би имал ФК “Осогово“ за натпреварување во Втората фудбалска лига изнесуваат меѓу 60 и 70 илјади евра годишно. Тоа според градоначалникот Димитровски е превисока сума и Општината ниту може, ниту пак според законските одредби смее да дава пари за директно финансисрање на спортските клубови.

На крајот, едногласно беше усвоена одлуката на кочанскиот фудбалски второлигаш да му се даде еднократна помош од околу 4 илјади евра.

Т. Ајтовски

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 54 гости и нема членови



web counter




qr code