16.06.2017 10 преубави девојки и 4 момчиња во три излегувања продефилираа синоќа во Кочани, а со тоа ја покажаа својата хуманост да му помогнат на Методи Митев кој што и понатаму продолжува со собирањето средства што му се потребни за операцијата во Кина за да може повторно да застане на нозе.
Овој пат стопанствениците од Кочани му излегоа во пресрет и за него организираа хуманитарна модна ревија преку која донираа пари за негова помош.
На модната ревија девојчињата и момчињата се претставија во три излегувања и во различни комбинации, спортски како и вечерни тоалети и костуми.
Гостите ги забавуваа Маестро Бенд и Позитив Бенд од Кочани, а ресторанот беше преполн со хумани граѓани кои несебично даруваа во донаторските кутии кои беа поставени за Методи Митев.
Митев боледува од хередитарна параплегија, болест која што за жал прогресира и му оневозможува да се движи. Брзо се шири и на рацете, затоа итно му е потребна операцијата во Кина. Лекарите од Кина му даваат шанса за нов живот и повторно да може да оди, но проблем како и секогаш се финансиите. За опперацијата му се потребни 28.000 евра, средства кои што Митев во моментов ги нема. Но затоа пак има хумани луѓе кои се тука да помогнат.
Апелот за донација останува и понатаму сите хумани грагани кои што сакаат да му помогнат на Митев можат да донираат средства и на сметката во Тутунска банка 210700000626368.
Т. Велкова
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
29°C
Кочани