Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

spomenik lokubija20.06.2017  Околината на Споменикот на слободата на ридот Локубија во Кочани треба да добие нови изглед со уреден парк. Таква е замислата на локалната власт, заради што преку Бирото за јавни набавки објави и јавен оглас. Со огласот се бараат понуди од стручни лица за можни архитектонски решенија на целиот простор.

Заради стимулирање на што поголем број учесници од Општината се предвидени и награди за најдобрите предлози. Првонаградениот ќе добие 62, вториот 37, а третиот по 25 илјади денари во бруто износ. Меѓу другите услови што треба да ги содржат предлозите тие треба да гарантираат изводливост и одржливост, оригиналност и репрезентативност на концептот, креативност и инвентивност во пристапот на обликување, современ третман на просторот и Ччитливост на идејата на проектот.

Конкурсот е јавен и анонимен, а право на учество на него имаат домашни и странски правни и физички лица, дипломирани архитекти или студенти на архитектура. Пристигнатите предлог-решенија за новиот изглед на просторот ќе ги оценува 5-члена стручна комисија од општинската администрација. На кандидатите кои ќе понудат своја визија како треба да изгледа протсторот им е даден период до 5 септемврии да ги достават своите идеи. Графичката обработка на прилозите треба да биде на ниво на идеен проект, а техниката е по слободен избор на авторите.

Цел на идејното архитектонско решение за парк на ридот Локубија е да се среди пејсажниот изглед на доминантната кота што се отвора кон југ, а опфатот е со површина од над 130 илјади метри квадратни. Од Општината бараат од проектантите да предвидат ресторан видиковец на локација што сами ќе ја определат, потоа патека за маунтбајк велосипеди, едно универзално игралиште за сите спортови, а изгледот на паркот да се збогати со поголема фонтана на една локација. Исто така, треба да се предвиди простор за настава во природа и набљудувачница.

Инаку, ридот Локубија и Споменикот на слободата, што беше изграден на почетокот на 80-те години од минатиот век, со децении чекаат целосно решение за уредување. По изградбата на споменичниот објект просторот беше заборавен, особено по промената на системот на државното уредување, со што тој ја изгуби својата основна намена и е претворен во руина.

По добивањето на предложените проекти и изборот на најдобрите ќе се види колку ќе ја чини Општината целиот зафат за уредување на паркот, иако за сега непознато е од каде ќе се најдат потребните средства.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 154 гости и нема членови


web counter



qr code