Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osnoven sud kocani121.06.2017  Недостигот од судии во основните судови во помалите градови во Македонија предизвикува сериозни проблеми во нормалното функционирање на правосудните органи.

За да се избегнат застоите или натрупувањето предмети кај само еден или двајца судии, Републичкиот судски совет донесе одлука за привремено прекомандување на судиите од едни во други основни судови во државата.

Такво решение е донесено и за судијката Сузана Милевска од кочанскиот Основен суд, која е делегирана да работи во судот во Делчево, при што задача ќе и биде решавањето и донесувањето одлуки за правни спорови од областа на граѓанската материја.

Таа и во нашата правосудна институција работеше на слични работни задачи, а извесен период ја извршуваше и функцијата портпарол на судот. Поради недостиг на судии и во судот во Берово за период од половина година е ангажиран судија од Основниот суд во Струмица.

Прекомандувањето на судијката Милевска веќе е реализирано и потврда за тоа има и на официјалната веб страница на делчевскиот Основен суд. Според податоците, оваа институција извесен период се соочувала со недостиг на судски кадар, па и покрај засилувањето, во моментот има само 3 судии од кои еден работи на кривична материја еден на граѓанска, а претседателот на судот кој е истовремено е и судечки судија е ангажиран на одредени уписници од граѓанската материја.

По привремениот ангажман и заминувањето на Милевска, Основниот суди во Кочани останува со вкупно седум судии, вклучувајќи го и судскиот претседател. Освен за подрачјето на општините Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево, нашиот суд има и проширена надлежност за потешки кривични предмети од подрачјата на Основните судови во Берово, Делчево и Виница.

Поради тоа останува нејасно дали со толкав број судии ќе може ефикасно и навремено да се одговори на предметите што треба да се решаваат кај нас.

Т. Ајтовски

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: North при 0 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 64 гости и нема членови


web counter



qr code