Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pijaloci 21.06.2017  Кондиторски и други прехранбени производи, млеко и млечни производи, како и алкохолни и безалкохолни пијалоци планира да набави Локалната самоуправа на Кочани, а за што, според проценките, од Буџетот треба да издвои над 450 илјади денари.

Се работи за редовна набавка што се реализира еднаш годишно, а се однесува за период од 12 месеци. Набавените продукти се наменети за општински потреби, односно за освежување гости при посета на делегации, за потребите на Советот, како и настани и прослави чиј организатор е Општината.

Дел од производите ќе бидат наменети за помош на граѓани од социјално ранливите категории.

Јавниот оглас за избор на најповолен понудувач е веќе објавен, а рокот за пријавување на заинтересираните фирми трае до 28 јуни. Притоа, набавката е деллива, односно можат да се пријават повеќе понудувачи кои ќе ги обезбедат сите или дел од бараните продукти.

Според спецификацијата наведена во огласот, меѓу производите што се бараат од понудувачот е да обезбеди и 140 кг различни видови кафе и негова замена, 110 килограми шеќер, 60 пакувања чај, како и по десетина килограми солени пецива, чоколадни десерти и лешници, бадеми, кикирики и слично.

Во однос на пијалоците, од Општината процениле дека за наредниот едногодишен период ќе им бидат потребни 30 литри различен вид жесток алкхолол, 60 литри бело и црвени трпезно и вино со контролирано потекло, како и 60 литри пиво. Кај безалкохоните пијалоци пак, набавката се однесува на 2100 литри различни видови газирани и негазирани сокови, 4800 литри газирана и негазирана вода, како и 150 литри млеко со различна масленост. Исто така, за потребите на Локалната самоуправа се планира да се набават по 40 кг кравјо сирење и кашкавал, 200 кг ориз, 80 литри зејти, и други прехранбени продукти како паштети, шунка, месен нарезок, леб и слично.

Во повикот за избор на понудувач на производите е нагласено дека Општината нема обврска да ги потроши сите количини определени за секој вид стока во техничката спецификација. Притоа, обврска е да се почитуваат важечките законски одредби и правилниците за квалитет на производите што се нудат, а испораката на бараната количина да биде во рок од 24 часа од доставената нарачка од овластено лице во општинската администрација.

Т. Ајтовски

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 116 гости и нема членови


web counter



qr code