Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stefanovski brosura22.06.2017  Македонското еколошко друштво приреди необично изненадување со објавувањето печатена брошура со колекција прекрасни фотографии на кои како мотив преовладува природата и убавините на повеќе локации на Осоговските Планини.

Автор на брошурата е Сашко Стефановски од Кочани, професор по географија и актуелен советник во Советот на  Општината.

Во печатеното издание поместени се 50-тина одлично вкомпонирани и одбрани фотографии од големата збирка со која располага авторот. Брошурата всушност е награда за неговиот труд на објавениот конкурс за најдобра фотографија од Осоговскиот зелен појас, што според активистите од Македонското еколошко друштво, заслужува да биде претставен пред пошироката јавност.

Иако малкумина знаат дека Стефановски покрај другите активности се занимава и со фотографирање, самиот за себе вели дека од многу поодамна ги открил тајните на фотоапаратот, а наградата од МЕД го прави посебно горд. 

- Знаете, мојата професија на некој начин ме поврзува со природата, така што постаојано каде што одам и планинарам, многу пејсажи, многу моменти сакам да ги споделам со моите пријатели и постојано фотографирам. Немам омилена тема, но преовладуваат планинските врвови и панорами. Инаку, љубовта кон фотографијата кај мене се јави уште пред дамнешни 40 години кога од мојот татко “го крадев“ првиот „Смена 8“ за да си правам некои експерименти и така постепено оттогаш, па наваму се бавам аматерски со фотографија, рече Сашко Стефановски, автор на брошурата со фотографии.

Брошурата со фотографии на Стефановски е отпечатена на висококвалитетна хартија и за почеток изданието е од стотина примероци, но се очекува да доживее препечатување во поголем тираж. Во план е да се одржи јавна промоција во Кочани, а авторот вели дека размислува и за ново издание во кое ќе се најдат  фотографии што не биле објавени, а исто така заслужуваат да ги види нашата јавност.

T. Aјтовски

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 90 гости и нема членови


web counter



qr code