Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

deponija1223.06.2017  Двајца познаници пронашле необичен и по малку бизарен начин да дојдат до заработувачка, обидувајќи се со препродажба на исфрлени продукти на депонија да остварат добивка. Сепак нивната намера била откриена и се очекува соодветна законска санкција.

Според извештајот на Секторот за внатрешни работи, надворешнатАа канцеларија криминални работи од Виница поднесе кривична пријава против 41-годишниот З.А. од виничкото селото Јакимово и против 50-годишниот М.К. од селото Ангелци, Општина Василево.

Полицијата кај нив нашла основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање  во промет штетни прехрамбени и други продукти“.

Од полицијата потврдуваат дела  З.А. бил забележан како од градската депонија на Виница, со која што стопанисува јавното претпријатие за комунални услуги „Солидарност“ собирал исфрлени прехранбени продукти, а потоа ги преработувал и произведувал чоколадни пити за продажба.

На 28 март годинава второопријавениот М.К., од него купил 13 пити црно чоколадо завиткано во најлонска фолија со вкупна тежина од 231 килограм, четири вреќи со рефус бисквити со вкупна тежина од 67,6 килограми и пет вреќи рефус чајни колачиња со вкупна тежина од 108 килограми. Според полицијата намерата им била по преработката да ги пуштат во промет.

Инаку ова не е прв ваков случај во регионот. Пред неколку години од истатата депонија триесет и деветгодишно лице од Кочани, собирало слатки кои таму биле фрлени од фабрика за кондиторски производи, а потоа ги препакувал и ги продавал поевтино. Тогаш тој заработи кривична пријава, а за среќа по продажбата на неговите производи немаше пријава за затруеност кај граѓаните.

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 126 гости и нема членови


web counter



qr code