Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

voda sisinja28.06.2017  Трет ден без вода за пиење се жителите на неколку делови од Кочани, но и на селските населби кои се приклучени на градската водоводна мрежа.

Револтирани што токму во најтоплите денови се оставени со пресушени чешми, тие реагираа и по телефон и на социјалните мрежи. Велат дека се принудени да полнат шишиња и други садови за да имаат за основните животни потреби, а за капење и перење ни не размислуваат.

Во одделни градски населби од повисоката зона, како во Усова Чешма или на улицата “Ударничка“, не само во изминатите неколку дена, туку вода во чешмите нема откако започнал порастот на дневните температури.

- Во неделата никако немавме, цел ден до вечерта до 11, вчера цел ден немавме вода и денеска сабајле од 8 саатот немаме вода, ова е срамота. Нема ни со што да се измиеме, јас сум болен човек, со што да се разладам. Се снаоѓаме, одиме од Усова Чешма, таму на ред чекаме по два часа да наполниме малку за да дојдеме, да се замиеме, ова е срамота, тоалетите ни засмредеа.... Ич немаме, неколку дена ич немаме, ќе дојде насабајле чисто малку, нема време ни една кофа да наполниме, и нема по цел ден, се мачиме, одиме од Бавчалукот од пумпата, за вода алуваме, рекоа жители на Кочани.

Освен во делови од градот без вода се и жителите на Грдовци, Тркање, Оризари и другите селски населби. Рекоа дека за викендот и изминатите два дена вода од чешмите воопшто не тече, иако се надевале дека барем во доцните вечерни часови ќе има нормализирање на состојбата.

Од КЈП “Водовод“ потврдија дека имаат проблеми со водоснабдувањето, но дека не станува збор за рестрикции или недостиг од вода за пиење, туку причината за прекините се неколку дефекти, од кои еден поголем на главниот цевковод кај Оризари.

Екипи на претпријатието два дена се обидувале да го лоцираат местото каде што пукнала цевката и на крајот е констатирано дека се наоѓа во оризова нива во која истекувале по 20 литри во секунда. Во текот на претпладнето и целиот ден се работеше на санација на дефектот и покрај тешко пристапниот терен. Одговорните рекоа дека очекуваат веќе в четврток наутро да дојде до стабилизирање на водоснабдувањето во Оризари. Тоа би требало да придонесе и за подобрување на состојбата и во останатите места каде граѓаните имаат подолготрајни прекини.

Т. Ајтовски

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 106 гости и нема членови


web counter



qr code