Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

hiv-aids06.07.2017  Младо момче, студент на возраст од 21 година е новиот регистриран случај на ХИВ позитивен во Виница. Заболениот тестовите ги направил во Скопје, а од Центарот за јавно здравје засега не го откриваат начинот на инфицирање.

Ова е трет случај на ХИВ позитивен во Виница од 1991 година наваму. Претходните двајца болеста не ја преживеале.

Инаку, според официјалните податоци од Институтот за јавно здравје на РМ, во текот на месец мај 2017 година, пријавени се три нови случаи на ХИВ/СИДА, сите од машки пол на возраст од 20-39 години од Скопје и Тетово.

Согласно евиденцијата на пријавените случаи, кумулативниот број на лица заболени со сида од 1987-2017 е 336 при што болни од сида се 181, 155 се ХИВ позитивни, 83 се починати, и 253 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Во однос на другите сексуално пренсоливи инфекции, во текот на мај се пријавени 11 случаи на инфекции предизвикани од хламидија и еден случај на гонореја од Битола. Од епидемиолошката служба во Виница забележуваат дека многу мал број на млади лица прават тестови, и апелираат за навремени превентивни проверки кои се вршат дискретно и со шифра во сите општински центри за јавно здравје.

Т. Велкова

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

11°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 134 гости и нема членови


web counter



qr code