06.07.2017 Без канализација и без асфалтиран пат. Во прашина и кал со години живеат жителите на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани кои велат дека веќе преку глава им е да ги кршат своите автомобили по несфалтираниот коловоз.
Згора на тоа, во 21 век копаат и јами бидејќи немаат канализација. Бараат од Општината да се реши проблемот и со канализацијата и со улицата.
- Ова е срамота. Секогаш тука е прашина и кал. Автомобилите ги испокршивме. Немаме асфалт на патот и тешко се живее, а плус оваа улица е долга. И на сето тоа па немаме ни канализација. Јами копаме, рече Гоце Тодосов, жител на ул. Св. Кирил и Методиј“.
Жителите неколку пати се обратиле до одговорните во општината од каде што добиле одговор дека патот засега не е ставен во планот за асфалтирање, а за канализација се уште се без одговор. Како и да е голготата на овие жители посебно на жешките температури продолжува и во иднина.
Т. Велкова
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.