Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

SVR Ohrid07.07.2017  Случај на семејно насилство регистрирала охридската полиција, во кој малолетен син од Кочанско го претепал својот татко.

Од увидот што го направиле полициските службеници е констатирано дека има доволно основи за да биде поднесена кривична пријава за нанесување телесна повреда.

Според информациите од СВР инцидентот се случил минатиот месец во стан во Охрид каде пријавеното лице заедно со својот родител имало привремен престој. Од полицијата велат дека 15-годишниот малолетник од кочанската населба Оризари, на 9 јуни годинава околу 19,50 часот започнал вербална расправија со татка си.

Во еден момент тој му се нафрлил и започнал да го удира со цврст предмет. Од ударите, оштетениот родител Г.И. се здобил со видливи повреди во пределот на левото уво.

Настанот бил пријавен во полиција која го извршила увидот, а повредениот бил однесен во болница каде е санирана повредата.

Инаку, и овој инцидент ќе влезе во евиденцијата за малолетничка деликвенција за оваа година. Според минатогодишниот извештај на Центaрoт за социјални работи од Кочани, вкупно 49 кривични дела извршиле малолетни лица што е за околу 10% повеќе во однос на 2015 година. Притоа, 23 лица до 18-годишна возраст биле евидентирани за предизвикување и учество во тепачка, физички напад и дрско и непристојно однесување.

Т. Ајтовски

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 33%
Ветер: North при 22 kmh
Петок7°C/19°C
Сабота9°C/22°C
Недела11°C/25°C
Понеделник10°C/24°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 112 гости и нема членови



web counter




qr code