. Канал 8 ТВ - Проблеми со дистрибуцијата на вода од хидросистемот поради самоволно користење од одделни водокорисници
Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kanal bregalnica07.07.2017  АД Водостопанство на Македонија - подружница „Брегалница“ - Кочани ги известува земјоделците дека има сериозни проблеми со дистрибуцијата на вода за наводнување на територијата на ХМС „Брегалница“, особено за Овчеполскиот регион.

Иако за наводнување на околу 3.300 ха земјоделски површини по десниот магистрален канал потребно е да се дистрибуираат од 3,5 до 4,0 м3/вода во секунда, Подружницата дистрибуира од 5,5 до 6,5 м3/вода во секунда за наводнување за водокорисниците од Овчеполскиот регион.

И покрај двојно зголемените количини што се испорачани согласно Планот за испорака на вода за наводнување со денови и датуми по населени места и главни зафати, а за кој се информирани сите водокорисници од тој регион, водокорисниците од селата Ерџелија, па сè до Каратманово немаат континуирано вода за наводнување.

Планот за испорака на вода за наводнување не се почитува од одделни водокорисници и тоа најмногу од селата Врсаково и Мустафино. Некои водокорисници самоволно пуштаат вода за наводнување од наши објекти, а притоа дури и физички ги напаѓаат вработените во Подружницата и им се закануваат. Сето ова се пријавува во полиција, а ситуацијата е алармантна бидејќи неколку села воопшто немаат добиено вода за наводнување.

Најголемите проблеми се од водокорисниците од селата Мустафино и Врсаково кои воопшто немаат свест за потребите на останатите водокорисници, а од страна на вработените во „Брегалница“ е евидентирано дека во селото Мустафино се наводнуваат дури и стрништа само со единствена цел за полесно орање, поради што водокорисниците почнувајќи од село Ерџелија па се до село Каратманово немаат вода за наводнување на земјоделските површини.

Со цел да се фатат сторителите, екипа од вработени од Подружницата „Брегалница“, заедно со директорот, во вечерните и ноќните часови, вршат постојани обиколки на теренот.

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

29°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: NW при 17 kmh
Сабота17°C/34°C
Недела18°C/36°C
Понеделник18°C/36°C
Вторник17°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови



web counter




qr code