Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Carev vrv07.07.2017  По повод празникот на Кочани – Петровден, в недела, кочанските планинари - членови на ПСД “Осогово“ го организираат десеттиот по ред традиционален Петровденски планинарски марш.

Според информациите од Друштвото, интересот за учество годинава бил изненадувачки голем, па се очекува да се придружат над 150 планинари и граѓани рекреативци. Освен учесници од Кочани и други планинарски друштва од Макеоднија, потврдено е учеството и на гости од Србија и Бугарија.

Почетокот на маршот е од паркингот кај одморалиштето на МВР во рекреативниот центар Пониква, а искачувањето е до Царев Врв каде е предвидено заедничко дружење, а на крајот завршува на истото место од каде што се тргнува.

Најниската точка, односно стартот е на 1.580, а највисоката точка е на 2.085 метри надморска височина. Вкупната должина на патеката во еден правец е 16 км и вообичаено се поминува за 8 часа во двата правци. Таа главно се протега по планинското било над шумската граница при што се поминува и покрај објектот на Трканска мандра на 1550 м. Подрачјето низ кое поминува патеката е исклучително богато со печурки, шумски плодови и лековити растенија.

Маршот кон Царев Врв ќе започне в недела во 7 часот од претходно споменатото стартно место, а за сите учесници е обезбеден традиционален планинарски ручек, поради што треба да се понесе прибор за јадење.

Клубот има обезбедено превоз до Пониква, а поаѓањето од градскиот плоштад во Кочани е во 06 часот.

Заради подобра организџција, препорачливо е заинтереираните за маршот да го пријават своето учество. Доколку има заинтересирани за пристигнување в сабота и сместување во некои од постојните сместувачки капацитети, можат да се добијат подетални информации од одговорните во ПСД “ОСогово“.

Т. Ајтовски

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 33%
Ветер: North при 22 kmh
Петок7°C/19°C
Сабота9°C/22°C
Недела11°C/25°C
Понеделник10°C/24°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 124 гости и нема членови



web counter




qr code