Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

soobrakajka ciflik09.07.2017  Шест лица од Кочани, Виница и Делчево загинаа, а уште шестмина нивни сопатници се здобија со потешки и полесни телесни повреди во три различни сообраќајни несреќи што се случија изминатата ноќ.

Два часа по полноќ на магистралниот пат Кочани-Штип, во близина на селото Чифлик, дошло до директен судир меѓу патничко возило сеат кордоба и автобус. Од силината на ударот на лице место загинале две од петмината момчиња на возраст од 23 до 28 години кои биле во автомобилот со кочански регистерски таблички.  

На пат кон штипската болница во возилото на итната помош починал уште еден сопатник, додека останатите две лица поради повредите се префрлени на лекување во болниците во Скопје и Кочани.
 
Додека траеше увидот на јавен обвинител и на полициските екипи, сообраќајот кон Штип и обратно беше во прекин околу шест часа. 
 
Скоро во истиот период кога се случи сообраќајката кај Чифлик, на истиот пат кај месноста Виничка крстосница од коловозната лента излетал автомобил пасат што го управувало 20-годишно лице од Виница. Од здобиените телесни повреди и тоа починало на лице место.
 
Третата сообраќајна несреќа се случила четири часа претходно кај населбата Басарица,  на влезот на Делчево. Во судирот во кој учествувале четири автомобили, животите ги загубија 69-годишен возач и 61-годишна сопатничка во едно од возилата. Повредени се уште четири лица, од кои две потешко.
 
Првичните сознанија се дека најверојатна причина за сообраќајките е неприлагодената брзина на движење на возилата.
 
Т. Ајтовски
 
2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 33%
Ветер: North при 22 kmh
Петок7°C/19°C
Сабота9°C/22°C
Недела11°C/25°C
Понеделник10°C/24°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 125 гости и нема членови



web counter




qr code