. Канал 8 ТВ - Поставен камен темелник на пречистителната станица за отпадни води во Мојанци
Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kamen temelnik mojanci10.07.2017  За околу три години Кочани треба да добие пречистителна станица за отпадни води кон која ќе бидат вклучени колекторските системи од сите населени места од рамничарскиот дел на општината.

Тоа ќе биде прв таков објект во Источниот регион, за чија реализација е добиена финансиска помош од швајцарската влада.

По повод поставувањето на камен темелникот на објектот што е лоциран кај Мојанци, се одржа свеченост на која присуствуваа гости од Македонија и Швајцарија, претставувани од Министерството за животна средина и швајцарската амбасада, како и од Општината Кочани, од КЈП “Водовод“, граѓани и други присутни.

Според швајцарската амбасадорка овој објект е продолжение на досегашната успешна соработка меѓу двете држави, а треба да помогне во унапрдувањето на животната средина во брегалничкиот регион.

- Задоволство ми е што сум овде и се чувствувам прекрасно бидејќи сум дел од овој голем проект за општина Кочани. Очекувам се да оди според планот, ние сме долгорочни соработници со Општина Кочани и инвестиравме голема сума овде. Би било прекрасно и другите општини да го следат овој проект, ние инвестиравме овде 21 милион швајцарски франци и бидејќи веќе имаме проекти кои што се тековни овде, во општината, се надеваме дека само ќе се надополнуваат со оваа финансиска поддршка, рече Сибиле Сутер Тејада, амбасадорка на Швајцарија.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое се вклучи во реализацијата на проектот со поддршка од околу 2 милиони евра од државниот буџет, рекоа дека се работи за многу важна инфраструктурна инвестиција, не само за општина Кочани, туку од еколошки аспект и за поширокиот Источен регион на државата.

- За жал, животната средина не беше голем приоротет во изминатите години, сметам дека треба да ја вратиме на пиедесталот на главните проекти, малку да ја подразборавиме борбата од историјата, туку да се грижиме за иднината на нашите деца. Здравата животна средина е предуслов за тоа. Македонија со оглед на капацитеот што го има не може да пропушти да го реазлизира тоа со своите пријатели, овој пат од швајцарската конфедерација. Пречистителните станици се еден врвен приоритет, проектиоте за заштита на животната средина ќе бидат приоритет на Министерството, многу повеќе ќе се занимаваме со проекти кои се знаќајни за животот во Република Македонија, рече Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Кочани е дел од заедничкиот проект на македонската и швајцарската страна за заштита од загадување на речниот слив на Брегалница.

Т. Ајтовски

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

29°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: NW при 17 kmh
Сабота17°C/34°C
Недела18°C/36°C
Понеделник18°C/36°C
Вторник17°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови



web counter




qr code