. Канал 8 ТВ - “Осогово“ ја уплати котизацијата за Втората лига и ја одржа првата прозивка на фудбалерите
Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo prva prozivka trening111.07.2017  Дваесетина играчи се појавија во понеделникот попладне на теренот на стадионот “Никола Мантов“ на првата прозивка што ја свика стручниот штаб на ФК “Осогово“.

Дел од повиканите фудбалери не дојдоа со оправдување дека биле зафатени со учеството на фудбалски турнири во регионот, но имало ветувања дека нема  да изостанат на следните тренинзи.

Со прозивката и првиот тренинг практично стартуваат подготовките пред новото првенство во Втората лига, во кое се најавува максимален ангажман на сите расположиви капацитети со кои располага екипата. 

- Пред два дена направивме еден состанок со повеќето од домашните фудбалери и за денеска го закажавме првиот тренинг, така што Стручниот штаб со играчите од Кочани и Кочанско стартуваат со подготовките. Планот е во текот на неделата да се групираме со останатите играчи со кои сме во преговори, од страна, и се надевам до почетокот на следната недела ростерот на ФК “Осогово“, што е предвиден за следната сезона, да биде комплетен, да одработи добри подготовки и да се надеваме дека ќе имаме успешни резултати, да ја постигнеме целта, да бидеме на средината на табелата, рече Крсте Крстев, спортски директор на ФК “Осогово“.

Крстев потврди дека е уплатена потребната сума за котизацијата, во најголем дел со пари што ги дале членовите на Управниот одобор, со што е исполнет основниот предуслов за учество во Втората лига. 

- Денес и официјално е уплатена котизацијата, значи, чисто едно известување до целокупната кочанска јавност, да нема грижи, значи автоматски сме второлигаши и официјално, во тој технички дел. Сигурно дека нема да биде лесно, ние имаме некој скромен буџет, можеби една од најнискобуџетните екипи во лигата ќе бидеме, но никој нема право да не отпише предвреме, се случувале и многу поголеми чуда, така што ние со работа, со труд, со залагање ќе се надеваме на позитивни резултати, додаде Крстев.

Во меѓувреме, од ФК “Осогово“ беше испратен и официјален писмен допис до медиумите и јавноста со кој се потврдува дека клубот ќе се натпреварува во второлигашкото друштво и покрај финансиските проблеми со кои се соочува. Тоа е причина што за сега не се размислува за ангажирање нови фудбалери што настапувале за други клубови, туку акцентот ќе се стави на домашни играчи од младинксите категории.

Упатено е и уште едно барање до стопанските и други субејкти во општината да достават писмени предлози за членови на Управниот одбор на Осогово, со можност за негово  целосно преземање и управување.  Со оглед што досегашниот претседател на Управниот одбор се повлекол од функцијата, со повикот се бара личност која ќе го наследи.

Т. Ајтовски 

 
2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

29°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: NW при 17 kmh
Сабота17°C/34°C
Недела18°C/36°C
Понеделник18°C/36°C
Вторник17°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 77 гости и нема членови



web counter




qr code