. Канал 8 ТВ - Наместо Општината, кочанскиот СДСМ го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал
Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

turnir sdsm11.07.2017  Петровденски турнир во мал фудбал во Кочани сепак се одржува.

Откако минатата недела од Локалната самоуправа информираа дека традиционалната манифестација се откажува затоа што за учество не се пријавила ниту една екипа, како организтор на натпреварите се јавува општинската органзиација на СДСМ од Кочани.

Празничниот турнир започна со одигрувањето на првите четири натпревари на спортскиот терен во населбата Сиви дом, а организаторите потврдија дека имало одличен интерес за учество.

- Откако Локалната самоуправа на Кочани на чело со градоначалникот Ратко Димитровски не успеа да се договорат за да го одржат традиционалниот Петровденски турнир, што се одржува во последните 11 години, комисијата за спорт при СДСМ – Кочани достави барање до Извршниот одбор на партијата, за да го организираме ние. Добивме дозвола и на турнирот се пријавија 8 екипи и кога го направивме распоредот се јавија и други екипи, но терминот е краток и затоа беа одбиени, рече Кире Тодоровски, претседател на комисија за спорт на СДСМ – Кочани.

На турнирот учествуваат екипите на “Фудбал Старс“, “Сиви Дом“, “Белско Маало“, “Јоже 2“, “Наполитанци“ и “Водовод“ од Кочани, како и “Олимпик“ од Оризари.

- Во среда на празникот ќе се игра финалето во 19,30 часот, 2 пати по 30 минути. Обезбедена е скромна награда, ќе има пехар за победникот, ќе има коктел за сите екипи што се учесници, само да го обележиме празникот. Во наредните години мислам дека ќе биде традиционално, додаде Тодоровски.

Во првите средби од четвртфиналето „Драчевик“ ја совлада екипата на „КЈП Водовод“ со 4:1, „Сиви Дом“ е поразен од  „Белско Маало“ со 1:2 по изведување пенали откако во регуларниот период заврши со 2:2. Екипата на „Фудбал Старс“ пак, беше подобра од „Јоже 2“ и победи со 8:2, а „Олимпик“ загуби од „Наполитанци“ со 0:3. Во полуфиналето се среќаваат „Фудбал Старс“ – „Наполитанци“ и „Белско Маало“ – „Драчевик“.

T. Aјтовски

 
2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

29°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: NW при 17 kmh
Сабота17°C/34°C
Недела18°C/36°C
Понеделник18°C/36°C
Вторник17°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови



web counter




qr code