Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstinski nagradi 201712.07.2017  По повод одбележувањето на Петровден, Советот на Општина Кочани ја одржа вообичаената свечена седница, на која  покрај советниците, присуствуваа и други гости.

На седницата јавно беа презентирани одлуките на Одборот за доделување награди на Општината за овгодинашните добитници на највисоките признанија.

Наградата за животно дело постхумно му припадна на д-р Константин Апостолов, врвно име во домашната, но и во светската медицина, а наградата за значајни остварувања во развојот на општината му е доделена на ФК “Осогово“.

Во обраќањето пред присутните, претседателката на Одборот, Илинка Атанасова, даде кратко образложение за одлуките. Во име на семејството Апостолови наградата за животно дело ја прими Кирил Ефремов, нивен близок роднина.

- Признанието наиде на големо мое задоволство, на задоволство на неговото потесно семејство, примено е како што реков, со еуфорија, со благодраност. Ние сме горди на него, а особено на овој потег на Општина Кочани која го овековечи неговиот лик и дело со оваа награда. Во договор со неговото потесно семејство, јас ја преземам таа обврска оваа награда да им ја врачам лично во Лондон на семејството, на неговиот син Тодор и на неговата ќерка Елена. Се договоривме да ги усогласат термините, да дојдат во Македонија, да ги посетат своите во Скопје, а да издвојат и еден ден за да дојдат и да се заблагодарат на Општина Кочани, рече Кирил Ефремов, роднина на д-р Константин Апостолов.

Од името на ФК “Осогово“, наградата за значајни оставрувања ја прими доскороешниот претседател на Управниот одбор, Бранко Богатинов.

- Ова значи еден поттик за понатамошна подобра, поквалитетна работа, а се должи на одличната игра на фудбалерите и добрата организациска способност на Управата која сето тоа го обедини во еден склоп и направи една целина која доведе до овој успех. Успехот е влез во повисок ранг на натпреварување. За повисок пласман јас секогаш сум оптимист, но сега во моментот според средствата што ги имаме, морам да бидам реален, за повисок пласман ќе биде тешко. Успех би било задржување на средината на табелата, рече Бранко Богатинов од ФК “Осогово“.

Во рамки на свечената седница на Советот, пред присутните се обрати и градоначалникот Ратко Димитровски, при што направи осврт на постигањата во општината меѓу двата празника. Поголем дел од говорот тој  посвети на градежните активности за подобрување на инфраструктурата и живеењето на граѓаните.

На седницата беа доделени признанија и за десетина ученици од основните и средните училишта од општината. Тие минатата учебна година забележале одличен успех во образованието и се прогласени за првенци на генерацијата.

На крајот од свечената седница за присутните беше приредена и кратка музичка програма.

Т. Ајтовски

2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 33%
Ветер: North при 22 kmh
Петок7°C/19°C
Сабота9°C/22°C
Недела11°C/25°C
Понеделник10°C/24°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови



web counter




qr code