Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

jaze ohrid201712.07.2017  Од 2 до 10 јули во Извидничкиот центар во Охрид се реализираше првата смена од традиционалниот меѓународен извиднички камп за младите членови од повеќе одреди од Македонија.

На кампот учествуваа и 30 извидници од Кочани членови на извидничкиот одред “Ластовица“. Осумдневниот престој го организираше Сојузот на извидници на Македонија, а освен нашите младинци, имаше учесници од повеќе градови од Македонија.

Кампот имаше меѓународен карактер со оглед што учествуваа и извидници гости од Франција и Белгија.

За време на престојот на кампот, учесниците имаа можност да посетуваат обуки за најважните извиднички и животни вештини, како што се сплаварење и кајакарење, стрелање со алтернативни видови на оружје, полигонски вежби, а не изостанаа ниту културно-забавниот живот и меѓусебното другарување.

Исто така, еден ден извидниците имаа можност да работат работилници со деца од ранливите категории т.е. деца со посебни потреби, а посетуваа и предавања кои се одржуваа на англиски јазик.

Во тек е втората смена на кампот на која исто така учествува група на извидници од Кочани кои ќе се задржат во Охрид до 17 овој месец.

Со тоа, ИО „Ластовица“ од Кочани се повисоко се искачува на скалата на најактивните одреди во Македонија. По овој камп, следува негова евалуација и кратка пауза. Со следни активности кочанските “ластовици“ продолжуваат во септември.

2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

11°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 133 гости и нема членови


web counter



qr code