. Канал 8 ТВ - Виница го одбележа Павловден - општинска плакета за владиката Иларион
Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
vinica pavlovden201713.07.2017  Општина Виница му додели Плакета на митрополитоот брегалнички Иларион за сета негова досегашна подршка во духовниот развој и ширење на православната вера во овој крај. Признанието му беше врачено во рамките на свеченоста по повод празникот на градот - Павловден.

- Бог ни даде заповед да имаме љубов помеѓу себе, бидејќи на светите апостоли кои што ги славиме денеска им рече, љубете се и сакајте се и и по тоа ќе ве познаам дека сте мои ученици. Имаме заповед од Бога сите ние помеѓу себе да се љубиме, да се сакаме и земјата која што ја газиме и каде што живееме, Бог ја созададе за сите нас подеднакво, да ја користиме, да живееме во мир, во љубов и во радост. Ви посакувам на сите вас добро здравје, многу радост, долг живот исполнет со сите Божји добродетели, посакувам помеѓу нашите луѓе да има сплотеност и единство, рече владиката Иларион.

Пофалници и ваучери од по 3.000 денари им беа врачени и на 6–те првенци на генерацијата од четирите основни и од средното училиште “Ванчо Прќе“. Првиот матурант Дамјан Павлов доделените средства ги пренасочи во хумана мисија.

- Би сакал овие три илјади денари што ми ги дадовте да ги дадам во хуманитарни цели бидејќи времињата отсекогаш носеле добри и лоши моменти, ама еве, сега, доколку имате информации за статус, на кој му се потребни ги давам со сето срце и душа овие три илјади денари кои вие мене ми ги имате насочено, рече Дамјан Павлов, првенец на генерацијата во СОУ “Ванчо Прке“ - Виница.

Свечената седница, како последна во вториот мандат на градоначалникот Дончев, повод за негово обраќање кон досегашниот законодавен орган.

- Решив на оваа седница да не зборуваме за она што се случуваше во изминатата година, меѓутоа сакам преку еден пример да дадеме порака на сите оние кои ќе дојдат после нас на овие места, кои што ќе раководат со Општина Виница. Сакам да ви спомнам за еден проект што е најмал по вредност од досегашните, чини многу малку пари, а за мене е еден од најголемите остварени проекти. Се работи за ископ на вода во едно маало во селото Грљани, каде што живеат 5-6 луѓе и кои што со години наназад немаа достапна вода за пиење, она што е основна човекова потреба, рече Емил Дончев, градоначалник на Виница.        

Чествувањето на Павловден во Виница се заокружи со литија и кршење на славскиот колач пред параклисот посветен на Св. Апостол Павле.

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

29°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: NW при 17 kmh
Сабота17°C/34°C
Недела18°C/36°C
Понеделник18°C/36°C
Вторник17°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови



web counter




qr code