Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bazen spa centar14.07.2017  Со објавување јавен повик за технички дијалог со заинтересирани компании, стартуваат почетните активности за реализиација на спа-центарот кај градскиот базен, што веќе неколку години се најавува како капитална инвестиција.

По претходно изготвената физибилити студија, која покажала дека инвестирањето во ваков објект би било економски и финансиски исплатливо, како и по добиената согласност од Советот на Општината, општинската администрација го објави повикот за да провери дали би се пријавиле заинтересирани инвеститори и каков е нивниот став за проектот.

Како придружна елементи во повикот се вклучени и предлог-договорот за јавно-приватно пратнерство, како и нацрт тендерската документација.

Рокот за пријавување е до 18 јули, а проценетатта вредност на проектот изнесува 845 илјади евра, при што за користење на студената или пак на топлата геотермална вода, идниот инвеститор би требало да склучи дополнителен договор со КЈП “Водовод“.

На седницата на Комисијата за финансии и буџет што се одржа во февруари годинава беа дадени дел од карактеристиките што би ги содржел договорот, а што не се битно изменети и во предложената верзија.

- Овој договор, по предлог на експертите, ќе се додели за период од 30 години, а вкупната проценета вредност на договорот за јавно приватно партнерство изнесува 1 милион и 330 илјади евра без ДДВ, од кои капиталната инвестиција изнесува околу 845 илјади евра и инвестиција ан закупецот во летната дискотека Аква во износ од 488 илјади евра, што е утврдено до страна на овластен проценувач, рече Елена Димитровска, раководител на Секторот за планирање и развој.

Според физибилити студијата, минималниот износ на надоместокот што приватниот партнер би требало да и го плаќа на Општината изнесува најмалку 10 илјади евра годишно. Според договорот што би се склучил, тој има обврска да го изгради спа центарот за период од три години.

Предлог-договорот и документацијата што се приложени во повикот за технички дијалог се ориентациони и може да претрпат измени, а приватниот инвеститор има можност да го преотстапи договорот на трето лице со претходна согалсност од Општината.

Доколку биде склучен договор за реализација на спа центарот, ќе престане важноста на сегашните договори за короистење на објектите кај комплкексот на градскиот базен.

Т. Ајтовски

 

 

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

11°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 131 гости и нема членови


web counter



qr code