Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nov voz119.07.2017  Новиот моторен воз од кинеско производство што беше набавен пред околу две години, конечно пристигна во Кочани.

Во вторникот попладне, според редовниот возен ред, влезе на железничката станица на пријатно изненадување и на патниците и на малубројните граѓани кои случајно се затекнаа овде. Без голема помпезност и најава, застана на перонот број 2, разубавувајќи ја глетката со својата белина прошарана со боите на македонското знаме.

Во внатрешноста на возот сосема поинаква слика и атмосфера од вообичаената во досегашните железнички композиции.

Климатизација, телевизиски екарани со известувања, чисти и пространи ходници и купеа, а не недостасува ниту простор за дополнителен багаж, како велосипеди, колички и слично.

Малата возбуда беше очигледна и кај вработените на железницата затоа што поради дотраеноста на пругата, непознато било дали возот воопшто ќе стигне со оглед што современата опрема во него предупредува на сите дефекти на шините и автоматски го запира.

- Првпат овој воз доаѓа на оваа пруга, добро поминавме, немаше проблеми, добро се однесуваше по самата пруга. Според закажаното време малку доцневме некоја минута, но бидејќи доаѓаше првпат возот, моравме да бидеме малце повнимателни. Зависи од ракводството во Скопје, но претпоставувам дека штом еднаш веќе се одлучиле да дојде наваму, најверојатно размислуваат да го воведат на оваа линија и овој воз, рече Јонче Николовски, машиновозач.

Набавката на нови електрични и моторни композиции од Кина, “Македонски железници“ ја реализираше во текот на летото 2015 година. До сега во функција беа пуштени композициите на сите релации, освен кон Кочани. Причината за тоа, неофицијално, се оправдуваше поради состојбата во која се наоѓа пругата, односно потребата за нејзина реконструкција. Тоа особено се однесува на делницата од железничката станица Соколарци до Кочани, каде неопходно е дополнително набивање на земјената подлога поради карактеристиките на теренот низ кој поминува.

Возниот ред останува непроменет, односно тргнувањето од Скопје е во 15.22, а од Кочани во 5 часот наутро. Билетот во еден правец чини 249 денари, додека за повратен треба да се платат 398 денари.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 160 гости и нема членови


web counter



qr code